СИЛЈАНОВСКА - ДАВКОВА: Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2024
Новата претседателка на државата Гордана Силјановска - Давкова изјави дека нејзиниот политички опонент Стево Пендаровски ѕвонел за да ја честита нејзината победа, но таа телефонот го оставила дома.
„Немав многу време да го следам говорот на господинот Стево Пендаровски, но фатив неколку инсерти. Рекол дека ми ѕвонел на телефон за да ми честита, ама за жал, сум го заборавила телефонот дома“, рече Силјановска Давкова.
Кажа дека критиката на бојкотот и на обидот да се киднапира избирачкото право, е добра констатација.
„Јас кажувам дека сум свесна дека изборната кампања и дебатите се најстрасниот политички процес, но некако во дебатите со Пендаровски завршивме пристојно. Да речам дека таквата оценка има во себе елемент на државнички однос, нешто што не беше многу присутно во овие 30 години во Македонија“, изјави таа.
Пендаровски го призна поразот и честиташе на победниците.