27 Април, 2024
0.0271

Што се купиле и колку пари потрошиле кројачите на цените на горивата, струјата, гасот и парното?

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

За нова зграда платиле 1,23 милиони евра, а за кирија платиле 120.000 евра. За плати на 30 вработени потрошиле пола милион евра и за дневници уште 50.000 евра, а си купиле и нова кола за 30.000 евра. Се ова членовите за Регулаторната комисија за енергетика успеале да го потрошат во 2016 година

Членовите на Регулаторната комисија за енергетика, државното тело задолжено за регулирање на цени на електрична, топлинска енергија, малопродажни цени на горива и од поново време цени на водата, во 2016 година потрошиле над 2,11 милиони евра од кои најголем дел се пари кои ги издвоиле за новата деловна зграда во која се сместени во центарот на Скопје, пишува во годишниот извештај на РКЕ за 2016 година. Во истата година кога платиле 1,23 милиони евра за новата зграда, РКЕ платила и 120.000 евра за цела година за кирија во објектот каде биле долгогодишни закупци.

Најголема ставка е платеното за новата зграда. Вкупната вредност на новата зграда изнесува 2,647 милиони евра според податок од соопштение на РКЕ објавено на нивната интернет страница кон средината на декември 2017 година. Нето квадратурата на делот на РКЕ во новиот објект изнесува 1.213 квадратни метри што значи дека цената за квадратен метар што ја плати РКЕ за новиот објект е 2.182 евра. Во 2016 година РКЕ за новиот објект платила 1,23 милиони евра и уште 120.000 евра за кирија за цела година затоа што не била вселена во новиот објект. Вредноста на новиот објект е еквиалентна на кирија за 22 години.

Втора најголема ставка се платите за 30 вработени во РКЕ.Во 2016 година за нивните плати се идвоени околу половина милион евра. Од нив околу 50.000 евра се за дневници за патувања во странство и во земјава.

Значајна ставка се средствата со кое е купено ново моторно возило за што се платени 1,8 милиони денари.

Материјалните и другите расходи заедно однеле 20,3 милиони денари.

Од што се финансира РКЕ?

РКЕ има два главни извори на финансирање согласно законската регулатива. Првиот извор се парите од надоместок од вкупните годишни приходи на енергетските компании кои обавуваат регулирани дејности. Од нивниот вкупен приход тие по закон се должи на годишно ниво да одвојат 0,052 отсто на РКЕ. Исто така РКЕ наплаќа и 500 евра во денарска противвредност за секоја лиценца што ги плаќа барател на секоја од лиценците. 

Во 2016 година приходите на РКЕ биле 74,59 милиони денари од кои 73,2 милиони денари се надоместокот кој е промил од годишниот приход на енергетските компании, а од лиценци се наплатени уште 1,39 милиони денари. 

Во 2016 година РКЕ имала акумулирани односно пренесени од претходни години уште 97,67 милиони денари кои се наменети за плаќање на новиот објект во кој сега веќе функционира РКЕ.

Оперативните трошоци на РКЕ , без трошокот за новата зграда, во 2016 година биле: 20,4 милиони денари за материјални и други трошоци, 31,26 милиони денари за плати и надоместоци. Во нивниот извештај пишува дека неискористените 41,78 милиони денари во 2016 година кои се позитивна разлика меѓу приходите и расходите ќе се искористат за изградба на новата зграда –административен објект „Лазар Поп Трајков“. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра