Што им ги згреа срцата на сите акционери во „Прилепска пиварница“?
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2018 07:45
Управен суд поништи решение на КЗК со кое „Прилепска пиварница“ требаше да плати голба од 2,7 милиони евра. Оваа вест зарадува многу акционери на „Прилепска пиварница“
Управниот суд го поништи решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) со кое „Прилепска пиварница“ беше задолжена да плати глоба од 166,78 милиони денари односно 2,7 милиони евра, соопшти денеска „Прилепска пиварница“ преку соопштение на Македонската берза за хартии од вредност.
Во известувањето кое може да го превземете на следниот линкhttp://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=42518Управниот суд го поништил решението на КЗК и предметот го вратил на повторно одлучување.
КЗК постапила по упатството дадено од Управниот суд и на „Прилепска пиварница“ и изрекла глоба во износ од 4,3 милиони денари односно 69.600 евра, соопшти компанијата.
Оваа информација со големо олеснување ја примија сите акционери на „Прилепска пиварница“ затоа што тоа значи многу поголема извесност и оптимизам за акциите што ги поседуваат во најдобрата домашно поседувана пиварница.
Како растура „Прилепска пиварница“ на домашниот пазар?
Македонските граѓани платиле 22,2 милиони евра за пива и сокови од „Прилепска пиварница“ во првите девет месеци годинава. Во споредба со лани приходите од продажба на најголемата домашно поседувана пиварница пораснале за 100 милиони денари (над 1,5 милиони евра) што укажува на довербата и имиџот на прилепската пиварница кај домашните потрошувачи, покажуваат официјалните податоци што ги објави пиварницата за првите девет месеци годинава.
Добивката на „Прилепска пиварница“ пораснала за 15 отсто во споредба со истиот период лани, продажбата на домашниот пазар е зголемена за 100 милиони денари односно за 100 милиони денари . Фантастичен е резултатот на пиварницата за летната жега – од јули до септември продажбата пораснала за 10 милиони евра!
Финансиските приходи на пиварницата изнесуваат 25,86 милиони денари и учествуваат со 12 отсто во добивката на компанијата. Нивото на финансиски расходи е само 1,37 милиони денари што укажува на тоа дека компанијата има многу ниска кредитна изложеност. Тоа значи дека може, доколку одлучи, нови проекти да ги кредитира со која било од деловните банки затоа што секоја би сакала клиент како „Прилепска пиварница“.
Добивката на „Прилепска пиварница“ за првите девет месеци изнесува 3,44 милиони евра и во споредба со лани е поголема за 15 отсто односно 457.000 евра повеќе.
Наскоро ги очекуваме и податоците за последниот квартал лани со што ќе имаме целосна слика за работењето на најдобрата домашно поседувана пиварница.
Акцијата на „Прилепска“ е фејворит на пензиските фондови на НЛБ
Над 1,1 милиони евра двата фонда на „НЛБ“ имаат вложено во акции со право на глас на „Прилепска пиварница“ и таму поседуваат вкупно 5,55 отсто од акциите со право на глас, а од тоа задолжителниот фонд поседува 4,88 отсто, а доброволниот има 0,67 отсто од акциите. Тој податок само по себе говори за квалитетот на таа акција во конкуренција на домашните акции.
Р.Ф,Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




