27 Април, 2024
0.0312

ШПАРКАСЕ БАНКА И ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ТРИО СО НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕРТ ВО БИТОЛА

Објавено во: Мои пари 13 Март, 2024

Добивај вести на Viber

На 12.3.2023 година, Битола беше домаќин на уникатно музичко доживување со Влатко Стефановски трио, во покровителство на Шпаркасе Банка АД Скопје. Присутните во Народниот театар во Битола уживаа во неколкучасовниот концерт, а по завршувањето, настанот продолжи во пријатна атмосфера и дружење. Корпоративниот настан беше организиран за клиентите од регионот, како резултат на посветеноста на нивното задоволство и поддршка на нивните цели.

Пред присутните гости свое обраќање имаше претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, господинот Санел Кустурица. „Вечерва ја прославуваме нашата посветеност, вашата доверба и заедничкиот успех. Ве имаме вас, околу четиристотини присутни гости, и една од најголемите музички ѕвезди, нашиот драг Влатко Стефановски со својот бенд, кој оваа вечер ќе ја направи незаборавна. На сите претставници од сто и десет компании, со минатогодишен збирен промет од над една милијарда евра и вкупен број од повеќе од 15.000 вработени, ви честитам на фантастичните резултати и ви посакувам понатамошни успеси и во иднина“, изјави господинот Кустурица. Тој, исто така, ги нагласи и импресивните резултати на Шпаркасе Банка во изминатите години, со фокус на кредитниот раст како резултат на поддршка на инвестиции и проекти.

Шпаркасе Банка остварува долгогодишна соработка со музичкиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски, кој со својата работа и посветеност оставa траен белег во македонската културна историја. Тој, како синоним за талент, квалитет и професионалност, е бренд-амбасадор на Банката, личност што верува во себе и во својот сон и успешно ја пренесува пораката кон луѓето да веруваат во себе и во својот потенцијал. Ваквите луѓе се наша вечна инспирација и затоа продолжуваме да ги поддржуваме сите оние што сакаат и имаат сила да ги менуваат нештата кон подобро. Културата и културните настани ја обединуваат заедницата, а како банка, преку поддршка на настани од ваков карактер, придонесуваме кон градење подобро општество за сите.

Задоволството на клиентите, на вработените и на соработниците е водечка цел на Шпаркасе Банка, како и вложувањето во заедницата, културата и во иновативните идеи што го движат светот напред, кон подобра иднина. И понатаму остануваме силно посветени на целта да обезбедиме поквалитетен живот за сите во нашето општество.

#ВерувајВоИднината

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг