26 Април, 2024
0.0305

ШОК ЗА ВИНАРИИТЕ: Хрватска го блокира извозот на македонско вино!?

Објавено во: Агробизнис 14 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Хрватска со нов правилник го блокира увозот на македонско вино

Хрватска воведува нови ригорозни правила за увоз на македонското вино. Се работи за нов Правилник за лозарство (“Pravilnik o registru vinograda, obveznim izjavama, pratećim dokumentima, podrumskoj evidenciji i proizvodnom potencijalu“), кој го донесла хрватската влада, а кој е веќе стапен на сила од почетокот на годинава. Правилникот предвидува дополнители нетарифни мерки за увозот на вино од трети земји.

Според новите правила Хрватска ја ставила Македонија во групата на трети земји, со што значително се отежнува увозот на македонско вино во оваа земја. Правилникот предвидува пролонгирање на периодот на ставање на увезеното вино во промет.Тоа значи дека со новите измени потребни се минимум 32 дена од моментот на царинење на виното до добивање на дозвола за пуштање на виното во промет.

Овој период според упатените претходно бил 24 часа.Дел од винарските визби кои извезуваат вино во Хрватска велат дека со оваа одредба се зголемуваат трошоците за складирање и манипулирање со пратката. Исто така новите одредби на хрватскиот правилник предвидуваат неколкукратно зголемување на трошоците за потребни анализи и заштита на животна средина, што доведува до дополнително оптповарување на продажната цена на виното. Дел од винарските визби, велат дека со новиот правилник Хрватска отвора т.н нетарифна бариера за македонското вино, со цел да ја зголеми и заштити продажбата на хрватското вино од конкуренцијата на македонското вино. Алармираат дека оваа бариера ќе нанесе сериозни штети врз извозот на македонското вино.

Храватска се една од најзначајните  извозни дестинации за македонското вино каде годишно се извезуваат 17 милиони литри вино во вредност од 11.2 милиони евра, или 22,5% од вкупната количина на извезено вино во светот и 24,2% од вкупната вредност на извезено вино. Само лани дури 26 отсто од македонското се извезло во Хрватска. Ова според упатените е и една од причините зошто Хрватска се чувствува загрозена и воведувајќи нови правилници сака да го заштити сопственото вино.

Како што дознава Фактор дел од винарските визби за проблемот веќе ја известиле Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Минисертвото за надворешни работи на Република Македонија. Бараат надлежните да реагираат за решавање на проблемот.

Лозарството како извозно ориентирана гранка и производството на вино учествував со 17%-20% од земјоделскиот бруто домашен производ. Годишното производство на вино изнесува околу 120 милиони литри вино од кои дури 96% е наменето за извоз. Вкупниот девизен прилив од извозот на вино изнесува 47 милиони евра. Според податоците извозот на македонското вино е зависен од хрватскиот пазар, бидејќи  Хрватска е втора земја зад Србија за увоз на македонско флаширано вино и трета зад Германија и Србија за увоз на македонско наливно вино.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади