ШОК ЗА ИСЕЛЕНИК: Еве како изгледал првиот училишен ден на ќерка му во Шведска
Објавено во: Стил 30 Август, 2017 12:56
Слободан Муфиќ е новинар од Хрватска кој заминал во Шведска.
Како и други родители, и тој решил да го сподели искуството од шведскиот образовен систем.
Тој на Фејсбук раскажува дека кога отишол да ја запише во училиште својата 11 годишна ќерка, се зачудил дека како родител не треба да купува ништо, и дека тетратки, учебници, пенкала, ќе добие од училиштето, а на прашањето дека неговото дете не зборува шведски, добил одговор дека ќе научи.
Од училиштето му одговориле дека за учениците има и обезбедени оброци, а часови по хрватски јазик има во училиште во другиот дел на градот каде со такси може да посетува настава.
Статусот на овој родител ги натера луѓето да го фалат шведскиот образовен систем, но и да го споредуваат со оној на овие простори.

Можеби ќе ве интересира
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се
Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“




