19 Мај, 2024
0.0293

ШЕСТМИНА РАБОТНИЦИ НЕ ЈА ПРЕЖИВЕАЈА КАТАСТРОФАТА ВО ХЕМИСКАТА ФАБРИКА ВО КОЧЕВЈЕ: Причината за несреќата е човечка грешка

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Според податоците на словенечката полиција, во несреќата што се случи вчера во хемиската фабрика во Кочевје, официјално загинаа шест лица, односно петмина работници во компанија од Љубљана кои морале да поправаат електрични инсталации во областа каде што се случила експлозијата, како и еден работниктокму во фабриката Меламин .

Агенцијата Хина јави дека еден од двајцата работници кои се здобиле со тешки изгореници во експлозијата починал синоќа во љубљанскиот клинички центар, потврди директорот на компанијата Меламин, Среќко Стефаниќ.

Сепак, според податоците на Клиничкиот центар Љубљана, објавени утринава нешто пред 7.30 часот на Твитер, пациентите кои се префрлени во овој болнички центар се живи, но едно лице се уште не е идентификувано и е во многу лоша состојба.

Причина за трагичниот настан најверојатно е човечката грешка на еден од вработените, која се случила при испумпување на суровини во складишниот простор, изјави вчера Стефаниќ, додавајќи дека дошло до катастрофална забуна, односно до замена на две суровини.

Несреќата се случи вчера изутрина при што беа повредени повеќе од 20 луѓе. Фабриката произведува меламински смоли кои се користат во хемиската, гумарската и градежната индустрија. 


Можеби ќе ве интересира

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје