07 Мај, 2024
0.0252

СЕЗОНА НА ОДМОРИ ВО ГРЦИЈА: Цени, плажа, кафеани!

Објавено во: Балкан 30 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Македонски туристи деновиве уживаат на плажите во соседна Грција. Дел од нив испратија слики и споделија со Фактор информации за цените на храната, лежалките и пијалаци.

Туристите, наши читатели уживаат на Врахос, место кое се наоѓа на Јонското море, во областа Епир, западна Грција.

Според информациите кои ги споделија со нас, цената на гирото таму во моментов е  3 евра. Цената на овој најпоплуарен специјалитет кога е во прашање порција се движи од 6,5 до осум евра.

Фрапе чини 2,5 евра, што значи за некој цент поевтино од олимписката ривиера на Грција. Пиво Mithos на плажа ќе го платите 4 евра, а за Alpha ќе треба да одвоите 3 евра.

Коктелите на плажа, но и во кафеаните и кафичите ќе ги платите од 7 до 12 евра, во зависност од видот на коктелот кој сте го нарачале.

Доколку порачате цеден сок од портокал на плажа ќе ве чини 5 евра. А за безалкохолни газирани сокови ќе платите 3 евра.

Порција морска риба или салата од морски плодови може да се купи по цена од 7 до 16 евра.

Лежалките во Врахос, западна Грција ги добивате гратис доколку порачате пиење.

Најчесто порачуваната пица во овој дел од Грција ќе ја платите 8 евра. Интересно е и тоа што таму низ неколку локали се нуди и детско мени, порција храна со сокче за околу 7 евра.

Македонците кои го привршуваат својот одмор таму, велат дека водата е топла, но не колку во август. Јонкото море е чисто, ноќите топли, но не биле жешки, навечер се спиело без клима уред. Температурата на водата за разлика од Егејското море била за минимален степен пониска.


Можеби ќе ве интересира

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака