19 Мај, 2024
0.0266

Северна Македонија - втора во Европа според квалитетот на телекомуникациски услуги

Објавено во: Економија 14 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Во современиот свет, телекомуникациите како канал на пренесување информации стануваат сѐ поважни, а стабилната мрежа и услуга неизоставен дел од овој процес. Поради тоа, среќни сме што можеме да кажеме дека ние Македонците ги уживаме едни од најдобрите телекомуникациски услуги во Европа, иако сме значително помал „играч“ од останатите земји во најблиската конкуренција.

Истражувањето кое го спроведе германскиот портал специјализиран за комуникации, connect.de, а се базира на податоци обработени од партнерот за тестирање мрежи „umlaut“, покажа дека Македонците се исклучително задоволни од стандардот на телекомуникациски услуги од операторите на нашата територија, и притоа уживаат во едни од најквалитетните сервиси во Европа. Нашата земја се најде на второ место на листатана земји со најквалитетни телекомуникации, веднаш зад Холандија.

Листата е изготвена врз основа на анализата на податоци од секоја земја, собрани во периодот од октомври 2019 до март 2020 година. Connect.de го рангираше квалитетот на телекомуникациските сервиси на вкупно 94 провајдери од 28 земји, земајќи ги предвид квалитетот на мрежата, брзината на пренос на податоци и латенцијата.

Според connect.de, нашата земја е рангирана на второ место во цела Европа според квалитетот на телекомуникациски услуги обезбедени од сите оператори на нашата територија. Од вкупно 1.000 поени, Северна Македонија доби 913 - само еден помалку од Холандија, која се наоѓа на прво место. Добрите резултати во Холандија, велат од connect.de, би можеле да се должат на претежно рамната топографија на оваа земја, со што се избегнуваат пречки во мрежата. Тоа дополнително ја зајакнува нашата позиција, зашто сме земја со изобилие од планини, а сепак имаме стабилен и моќен телекомуникациски сервис,што зборува дека операторите во нашата земја нудат исклучително квалитетни услуги.

Најголемиот оператор во земјава, Македонски Телеком како индивидуален понудувач на телекомуникациски услуги, беше рангиран на 8. место во Европа според connect.de, со 915 од вкупно 1.000 поени. Вториот по големина оператор A1 доби 911 поени и се најде на 13. место.

Овие податоци ни покажуваат дека телекомуникациските услуги и решенија кои ги добиваме во земјава се споредливи, ако не и подобри, од повеќето земји во Европа. Од наш интерес, како корисници, е тие да го задржат истиот стандард и во иднина. Во голема мера, правилното и квалитетно функционирање на телекомуникациските сервиси зависи од посветеноста и работата на операторите, но и од регулативата и надлежните институции во секоја држава со која се регулира овој пазар. Партнерството и соработката меѓу сите играчи е клучна за обезбедување квалитетна инфрастуктура и за услугата која ја добиваат корисниците, но и за развој на општеството, бидејќи иднината е во напредните комуникациски услуги и во дигитализацијата.

Повеќе информации за Connect.de

Целиот текст тука (линк)


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа