19 Мај, 2024
0.0306

СЕВЕРНА КОРЕЈА МОЖЕ ДА ЗАВРШИ СО НАЈВИСОКА СТАПКА НА СМРТНОСТ: Кај нас се зголемува бројот на пациенти со нарушувања по прележан ковид-Д-р Мехмедовиќ за Фактор

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Цели две и пол години од пандемијата на корона вирусот единствената земја во светот која не пријави ниту еден случај на заразен, сега се соочува со вистинска катастрофа. Северна Кореја, според Светската здравствена организација, претставува ризик од нови мутации на вирусот, пред се  заради тоа што во земјата нема ниту вакцини против ковид-19, ниту пак имаат силен здравствен капацитет за да се изборат успешно со инфекцијата. За евентуалните последици на глобално ниво кои може да произлезат од сега новонастанатото жариште, Фактор разговараше со д-р Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за заразни болести. Во однос на состојбата во Македонија, д-р Мехмедовиќ вели дека во болниците има вкупно само 16 хоспитализирани пациенти кои се лекуваат од ковид-19, но се забележува зголемен број на пациент со пост-ковид проблеми. -Според информациите од клиниките при Клиничкиот центар Мајка Тереза се следи зголемување на бројот на пациенти со невролошки, ендокринолошки, нефролошки и пулмолошки нарушувања по прележувањето на ковид, посочува д-р Мехмедовиќ.

Епидемиолопката состојба со корона вирусот во Европа се смирува, но сега имаме една нова ситуација, а тоа е Северна Кореја. Властите пријавија огромен број случаи на болни луѓе со висока температура, како и починати лица. Дали оваа земја може да биде повторно да биде закана и за остатокот од светот?

Д-р Мехмедовиќ: Заканата е внатре, во границите на Северна Кореја која се соочува со евентуална здравствена катастрофа бидејќи во земјата која брои 26 милиони жители околу 1,5 милиони луѓе се разболеле од вирусот откако беше пријавен првиот случај пред речиси 7 дена. Епидемиолошката состојба е сигурно полоша од она што се соопштува како официјална бројка, со оглед на недостатокот на тестови и ресурси за следење и лекување на болните.Омикрон предизвика значително помалку смртни случаи и хоспитализации со тешка форма на болеста од претходните варијанти во земји каде имаше висока стапка на вакцинација, силни здравствени системи, но и висок процент на прележаност на Ковид19. Но сега станува јасно дека тоа нема да е случај и во Северна Кореа која според експертите има лошо организиран здравствен систем, со недоволно опремени болници, мал број на единици за интензивна нега, нема вакцини, нема лекови и нема капацитет за масовно тестирање.

Колкав проблем може да претставува тоа што во Северна Кореја нема ниту доволно тестови за корона вирусот, а за вакцините и да не зборуваме. Лидерот Ким Јонг Ун одби земјата да добие вакцини против ковид-19?

Д-р Мехмедовиќ: Без итна меѓународна помош Северна Кореја може да заврши со највисока стапка на смртност(пер капита) од Ковид19 во светот. Откако претходно ги одби понудите за вакцини од Кина и СЗО, драстично зголемените бројки на новозаболени и починати  во текот на изминатите денови би можеле да го предомислат Пјонгјанг да ја прифати меѓународната помош за да го ублажи ширењето на Омикрон. Таа понудена помош покрај вакцини поздрабира и помош во лекови и технологија потребна за тестирање и третман на ковид, но и позитивни искуства за следење, тестирање и изолирање на случаите.

Може ли да прогнозирате каква ќе биде состојбата од есен. Анти-ковид мерките се веќе укинати во скоро сите земји, граѓаните се опуштени, летово ќе се патува насекаде, па дури има и препорака да се укинат маските и во авионите. Дали сето ова може да придонесе повторно зголемување на бројот на заразени со ковид-19?

Д-р Мехмедовиќ: Не би сакал да прогнозирам каква би била состојбата на есен или во текот на летните месеци. Засега имаме добра епидемиолошка состојба со 80-тина позитивни случаи на дневно ниво, хоспитилизирани само 16 лица на територијата на цела држава, а неделно се регистрираат 1-2 смртни случаи. Речиси сите мерки против ковид се укинати, останаа само мерките за носење на маските во здравствените установи, во домови за стари лица, аптеките и јавниот превоз. КЗБ внимателно ја следи ситуацијата и доколку се појави и најмал ризик кој би можел да го загрози здравјето и животот на граѓаните ние ќе донесеме соодветни препораки. Засега нема потреба од нови препораки.

По појавата на омикрон, па стелт омикрон, научниците сега говорат и за омикорн 4, односно 5. Имате ли сознанија за какви варијанти на вирусот станува збор. Дали тие би биле карактеристични за евентуалниот петтиот бран, за кој веќе говореше и минстерот изминативе денови.

Д-р Мехмедовиќ: Оригиналната варијанта на Oмикрон се појави при крајот на ноември минатата година. Во јануари оваа година Омикрон еволуираше со уште повеќе мутации, вклучувајќи ги BA.4 и BA.5 субваријантите. Она што досега го знаеме е дека новите податоци покажуваат дека кај невакцинираните BA.4 и BA.5 ја избегнуваат природната одбрана која е резултат од инфекција со Омикрон. Двете нови субваријанти се шират побрзо од BA.2, која сама по себе беше позаразна од оригиналната варијанта на Омикрон. Сè уште не се знае дали овие субваријанти предизвикуваат потешка болест. Тешко е да се предвиди што би значел напливот на овие субваријанти во Јужна Африка за другите земји.

Каква е состојбата во нашите болници сега? Дали има голем број граѓани кои се хоспитализирани заради постковид проблеми?

Д-р Мехмедовиќ: Во моментов е исклучително ниска стапката на хоспитализација на пациенти со Ковид19(16 пациенти во цела држава), а според информациите од клиниките при Клиничкиот центар Мајка Тереза се следи зголемување на бројот на пациенти со невролошки, ендокринолошки, нефролошки и пулмолошки нарушувања по прележувањето на ковид. Пациентите пријавуваат проблеми со менталното здравје, несоници, се следат и нарушувања на функцијата на црниот дроб и ред други состојби кои се последица на Ковид19. Во Министерството за здравство во тек е планирање на третман на постковид пациенти, се разгледуваат можностите за третман во еден објект за сите постковид компликации кај пациентите или пак организација на третманот во повеќе клиники.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“