Добивај вести на Viber
Пристап до банкарските сметки на околу 5.000 поединци и компании, побарала Грчката Единица за финансиски криминал. Ове е посочено во документот кој заменик-министерот за финансии, Јоргос Маврајанис го испратил како одговор на пратеничко прашање од страна на Антонис Безас од Нова демократија. 334 проверки веќе се спроведени, јавуваат медиумите во Грција.
Уредникот на списанието „Хот Док“ , Костас Ваксеванис кој го објави списокот со 2.000 имиња на Грци кои наводно имаат банкарски сметки во филијалата во Женева на ХСБЦ, беше приведен и доби налог да се да се појави денеска пред судот.