СЕ ОГЛАСИ ГРУЕВСКИ ЗА ПОБЕДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Го поздрави големиот пораз на СДСМ, а на сопартијците им рече „Со среќа и со ум!“
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2024
Политики полни со национални предавства, криминали, длабока корупција и лично богатење на грбот на граѓаните, секојдневни лаги и манипулации, злоупотреби, политички прогони на неистомислениците, не функционалност на државните институции и нивно ставање во лична полза, како и неспособност од големи размери.
Политики кои Македонија ја уназадија во секој поглед, неповратно иселија огромен број граѓани и ја доведоа земјата во позиција на потчинетост пред негаторите на нацијата и на македонскиот идентитет, јазик, историја, име, националност и посебност.
Политики со кои Македонија беше константно 7 години економски уништувана, осиромашувана, ограбувања и морално пропаѓана.
Честитам!
Но, и голема обврска пред народот, и големи очекувања и надеж кај нив, кои не смее да се изневерерат.
Со среќа!
И со ум!“, напиша тој на фејсбук.