03 Мај, 2024
0.0243

Се излечи ли Македонската берза од коронавирусот, или не беше ни сериозно болна

Објавено во: Финансии 04 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Се излечи ли Македонската берза од коронавирусот. Веќе четврти ден по ред расте берзанскиот индекс МБИ 10. 

До подготовката на овој текст индексот беше во зелено за 1,43 проценти.

Ова следува откако Берзата во петокот минатата недела порасна за 0,77 отсто, а најголемиот раст го имаше во понеделникот оваа недела, ден во кој МБИ10 затвори во зелено со дури 3,89 проценти. Пораст од 0,53 проценти Берзата забележа и во текот на вчерашниот ден, а растопт продолжува и денеска.

А како што е познато, токму кога беше најсилна паниката од коронавирусот во светот, и паѓаа речиси сите светски пазари на капитал, потона во црвено и Македонската берза. 

Брокерите со кои разговараше Фактор велат дека истите причини кои доведоа до неколкудневен пад минатата недела, сега се причини и за раст.

Васко Митев, директор на Илирика Инвестментс во Македонија, вели дека растот на берзанскиот индекс во последниве денови се должи на тоа што се смири паниката од коронавирусот во светот, а е во корелација и со движењата на светските берзи, кои се вратија по минатонеделниот пад.

„Се вратија берзите и во Америка и во Европа, а тоа влијаеше и на Македонската берза. Сето тоа е поврзано со фактот што се смири паниката околу коронавирусот во светот. Исто така, објективно, порастот на Македонската берза деновиве е поврзан и со објавените позитивни финасиски извештаи со одлични резултати за некои од компаниите што котираат, како што се ‚Алкалоид' и Комерцијална банка“, објаснува Митев.

Други брокери, пак, со кои разговаравме, објаснуваат дека нашите компании во своето работење не се изложени во Кина или во Северна Италија, каде што економиите се најмногу погодени од коронавирусот. 

„Можеби влијанието беше само последично како резултат на она што се случува во светот. Односно, повеќе влијае тој сентимент, отколку конкретни фактори. Бидејќи, македонските компании немаат некоја директнма поврзаност со регионите што се најпогодени од коронавирусот“, велат овие познавачи на состојбите.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција