17 Мај, 2024
0.0298

Најважната гранка е запоставена, текстилците бараат помош од државата!

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Текстилните фирми мора да се реструктуираат, но со поддршка на државата и брза потрага по нови пазари. Само тоа може да ја извади оваа индустрија од кризата, констатираа текстилците на меѓународната конференција за развојот на оваа индустрија во Македонија. Компаниите немаат никаква преспектива, сè уште нема изградено добар бренд, работат лон производство со застарена технологија, а нивните вработените се најниско платени во регионот сметаат македонските текстилци, но и претставниците од други земји. Министерот за економија Ваљон Сарачини, смета дека долгорочен можен излез од состојбата е создавање македонски текстилен бренд, но тоа е долг и скап процескомпаниите побараа помош од државата. „Текстилната индустрија својата иднина треба да ја гледа во зголемување на извозот, со промена на структурата од ’лон’ кон извоз на готови производи. Според постојната ситуација во секторот, потребна е јака поддршка за изградба на конкурентска способност во компаниите кои имаат долгорочни стратегии за развој. Наши приоритети ќе бидат унапредувањето на образовниот систем, доследна примена на законските решенија и надзор на пазарот, како и подигање на образовното ниво на работната сила и менаџментот“, истакна министерот за економија. Тој смета дека  определбите на Владата на макро ниво за создавање на поволна и атрактивна деловна клима, преку намалување на бариерите за водење бизнис, поттикнување на развојот и привлекување странски инвестиции и  дијагоналната кумулација ќе придонесат позабрзан развој на текстилната индустрија и влез на странски инвестиции, со оглед на фактот што подрачјето на Евро-медитеранската зона, вклучително и Р. Турција опфаќа 650 милиони жители и 7 милиони вработени во текстилната индустрија. Оваа индустрија обезбедува една петина од вкупниот извоз или околу 500 милиони евра годишно. Засега најмногу се соработува и извезува кај партнери во Германија, Грција, Холандија и Италија. На дводневната дебата за текстилната индустрија во Македонија учествуваат експерти од Италија, Холандија, Турција, Бугарија, Србија и од Хрватска.    

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија