03 Мај, 2024
0.0326

Само за една недела: Кажете им „чао“ на вишокот килограми!

Објавено во: Стил 11 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Имаш 3 килограми повеќе кои сеуште те делат од среќниот живот на секси девојка чија облека седат како на модел? Време е да им кажеш збогум!

Добрата работа за нашите совети е дека нема да те тераме да гладуваш, ниту да си купуваш специјална храна, која ќе ја приготвуваш по сложен начин. Ќе ти претставиме неколку лесни трикчиња со кои нема да си го измачуваш телото или да го жртвуваш  доброто расположение!

Пијте главно вода

Да, водата е од огромно значење, што се однесува до симнувањето на килограми. Пијте многу вода, повторуваме - вода! Не, не може да ја замените со кафе, енергетски пијалак или овошен сок ...а  камо ли со пиво. Зошто вода? Во неа нема калории, помага да се исфрлат вишокот течности и го подобрува метаболизмот. А за да се чувствувате посебни, додаде си во чашата парче лимон или неколку листови нане.

Стоп на оризот, компирот, бел леб и паста ...

Заборавете за белиот ориз, шпагети, сендвичи и помфрит. Проблемот е што и покрај оваа храна да се засладиш, многу набргу откако ќе ја изедете повторно ќе чувстувате глад. Освен тоа од нив стомакот ќе ви се надуе. Со што да ги замените? Со интегрални производи и зеленчук. Наместо да си намажеш кришка, изеди една салата со пилешко. Исфрлите го чипсот и изедете парчиња моркови и пиперки пред телевизорот.

Спортувајте

Не очекуваше дека само ќе јадеш и те фаќа мрза, нели? Ќе мора малку и да се размрдате. Одвојте си барем 30 минути дневно, во кои ќе спортуваш. Ви препорачуваме да трчате, бидејќи колку повеќе забрзано ви чука срцето, толку повеќе калории ќе согорите!

Падна за ... 36!

Ви даваме предизвик! Прави по 3 серии од 12 склекови секој ден! Ве уверуваме тие, дека дури и да ви изгледаат тешко ефект има и целосно е достоен. Освен што ќе доживееш задоволство штом изброши до 36, со склековите ќе обликувате идеална фигура. Повеќето луѓе мислат дека тие го развиваат главно горниот дел на телото - гради и раце, но всушност, ако ги правите правилно, ќе мора да ги стегнеш сите мускули - од рамениците до петици. Раце, гради, задник, стомак, бедра - ќе почувствувате напнатост во целото тело!

Време е за кафе ... а потоа?

Изненадување! Да, може да се разгалите со кафе! Но финтата е во тоа да го испиете и час потоа да одите на фитнес. Освен што ќе се почувствувате повеќе храбро, ќе сте и продуктивни - шолјата кафеава течност пред вежбање ќе ви даде енергија и сила, од кои треба за да согорите максимално калории во фитнес салата.

Вечер е, станува жешко!

Планот за магичната недела вклучува и многу љубов! Секс секој ден, преземете ја иницијативата и бидете активната страна. Знаете ли дека на пример за околу 30 минути бурен секс може да согорите 150 калории? А знаеш ли што уште ти дава сексот? Помага за излачување на ендорфин, кој ве тера да се чувствувате среќни ... и не толку гладни!