САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули
Објавено во: Свет 08 Мај, 2024
Билет за туристи на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975.000 евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра. Градот соопшти дека продал повеќе од 195.000 билети вкупно, што е малку над очекувањата, пренесува Мина.
Влезот ќе се наплаќа речиси сите саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената. Како општо правило, посетителите во текот на целиот ден помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, би можеле да платат казна од 300 евра.
Од плаќање се ослободени домашните жители, гостите кои ноќеваат, студентите и децата до 14 години. Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.
Фото: Принтскрин/Твитер