САКАЛ ДА СЕ СПОГОДИ ЗА ПОБЛАГА КАЗНА: Eден од уапсените за убиството на Данка понудил информации
Објавено во: Балкан 05 Април, 2024
Еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ, сакал да се спогоди со полицијата. Тој понудил информации во замена за помала казна.
Како што објави српски Информер, еден од двајцата осомничени за убиството, сакал да се спогоди со полицијата.
Двајцата работници во „Водовод“ го признаа делото, дека со возилото ја удриле малата Данка и потоа ја фрлиле на депонија.
Последните информации од Вишото обвинителство во Зајечар се дека попладнево ќе бидат сослушани двајцата уапсени осомничени за убиството на девојчето Данка Илиќ, а по сослушувањето обвинителството ќе ја информира јавноста, јавува Н1.Девојчето исчезна на 26 март. Работниците со возило ја удриле Данка, потоа еден од нив ја задавил и ја фрлиле на депонија.