18 Мај, 2024
0.0301

САКА ДА СТАНЕ ЦЕЛОСЕН ГАЗДА НА „АГРОПЛОД“ - „Свислион“ нуди да плати 1,6 милиони евра

Објавено во: Економија 13 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Компанијата „Свислион“ сака да стане целосен сопственик на „Агроплод“, каде и сега е управувачки сопственик, со околу 68,5 отсто од капиталот на ресенската компанија.  

„Свислион“ објави јавна намера да ги докупи сите преостанати 8.364 акции од акциите на „Агроплод“, што е рамно на 31,5 отсто, а за што планира да плати 1,84 милиони евра. 

Со тоа, како што најавуваат од „Свислин“, практично сакаат да ги докупат сите акции до 100 проценти. Оваа компанија на тој начин би станала единствен и неприкосновен сопственик на некогашниот поим за македонската прехранбена индустрија, ресенски „Агроплод“.   

„Свислион ДОО Скопје“, во согласност со член 22 од Законот за превземање на акционерски друштва, преку Македонската Берза ја објави оваа намера. 

„Врз основа на Одлуката на Собирот на содружници на ‚Свислион' ДОО Скопје, донесена на 16 април годинава, друштвото ‚Свислион' објавува намера за преземање на 8.364 обични гласови со право на глас издадени од друштвото ‚Агроплод АД Ресен', односно на сите преостанати акции до 100 отсто, кои не се во сопственост на ‚Свислион ДОО Скопје'“, се вели во јавно објавената намера.

„Свислион“ има намера да понуди цена од 13.530 денари по акција. Тоа значи дека компанијата за да го докупи ресенското „слатко задоволство“ нуди да плати 113.164.920 денари. 

Односно, за да ја докупи „Агроплод“, „Свислион“ планира да плати 1.840.080 евра.   

Од „Свислион“ потенцираат дека ја известиле Комисијата за хартии од вредност, Одборот на директори на „Агроплод“, Македонската берза за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата, за намерата да објави понуда за преземање на акциите, во согласност со одредбите од Законот за преземање на акционерски друштва. Барањето за добивање дозвола за преземање ќе биде поднесено до Комисијата за хартии од вредност во законски предвидениот рок. Понудата за преземање ќе биде објавена веднаш по одобрението на барањето од страна на Комисијата за хартии од вредност. 

Во минатата година „Свислион“ има остварено вкупни приходи од 36,8 милиони евра, што е сепак пад од 12,1 отсто во однос на 2018 година, додека, пак, оваа компанија остварила одличен профит од 1,57 милиони евра, што е намалување за 23,4 отсто во однос на претходната година. 

Инаку, како што може да се најде на Википедија. во 2006 година, непосредно пред парламентарните избори, била извршена приватизација на „Агроплод“. Во тоа време, 38 отсто од акциите биле во сопственост на Ѓорѓи Китановски; 25,39 отсто биле во сопственост на Фондот за ПИОМ, со кои управувало Министерството за економија, 5 отсто се наоѓале во сопственост на ПИОМ, кој самостојно управувал со нив; додека 31 отсто веќе биле во сопственост на швајцарската фирма „Свислион“, која претходно ги откупила од голем број ситни акционери. Подоцна, македонската Влада го прогласила „Агроплод“ за фабрика од државен интерес и објавила јавен повик за продажба на државните акции, а повикот се однесувал на 5.339 обични акции (25,39 отсто од акциите) кои биле во сопственост на ПИОМ. Како купувач, на повикот се јавила само фирмата „Свислион“, која така станала мнозински сопственик на „Агроплод“, поседувајќи вкупно 56 отсто од акциите. Притоа, со купопродажниот договор, склучен во јуни 2006 година, „Свислион“ се обврзал да инвестира 7,8 милиони евра во фабриката. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа