17 Мај, 2024
0.0277

Регулаторна распиша јавен повик за да ја замени Топлификација?

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика објави јавен повик преку кој ќе бара компанија која ќе биде нов регулиран производител на топлинска енергија во Скопје.  Рокот за приијавување ќе трае десет дена до 13 октомври,  а лиценцата ќе биде доделена на 35 години.
Право да се пријават имаат компании кои поседуваат или имаат право на користење на капацитети што се наменети за производство на топлинска енергија, не помали од две третини од вкупната инсталирана моќност на приклучените потрошувачи.
Тендерската документација може да се подигне во архивата на Регулаторната комисија за енергетика.
Досега, на пазарот со топлинска енергија функционираат производителите „Топлификација“  и „ЕЛЕМ Енергетика“, но нивните лиценци престанаа со важност лани, кога беше донесен новиот закон за енергетика, кој предвидуваше доделување на нови лиценци.
Неофицијално, некои медиуми објавија дека целта на јавниот повик е да се избере нова компанија која ќе ја замени „Топлификација“ во бизнисот, но според упатените, тоа ќе биде тешко изводливо со оглед на пропишаните критериуми.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија