РАБОТЕН ВЕК: Исланѓаните работат 47,4 години од животот, а ние?
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2017 19:50
Македонците се меѓу последните во Европа по времетраење на работниот живот. Во нашата држава работниот век трае 31 година додека просекот во рамките на Европската Унија е 35,6 години, покажуваат податоците на Евростат, европската статистичка служба. Според статистиката, македонските мажи работат дури 13 години повеќе од жените, односно просечниот работен живот на мажите изнесува 37,2 години, а на жените само 24,4 години.
Статистичкиот показател „времетраење на работниот век“ го мери бројот на години што едно лице на возраст над 15 години може да очекува да биде активно на пазарот на трудот, било вработено или невработено, во текот на животот.
Според овој показател, во европски рамки, статистиката разликува три главни групи на земји, плус по една држава која се издвојува на секоја страна од спектарот, Исланд е осамен на врвот, а Турција е закована на дното. Првата група ја сочинуваат земјите со низок ранг (под 35 години работен век) и во неа се Белгија, Луксембург, Италија, Малта, Полска, Словачка, Унгарија, Италија, Словенија, Хрватска, Романија, Бугарија, Македонија и Грција. Втората група земји каде што работниот век е од 35 до 39,9 години ги вклучува Португалија, Шпанија, Кипар, Франција, Германија, Австрија, Чешка, Ирска, Велика Британија, Финска, Естонија, Латвија, Литванија и Норвешка. Понатаму на скалата се Шведска, Данска, Холандија и Швајцарија, кои ја чинат третата група, со очекуван работен век од 40 до 44,9 години.
На врвот, Исланѓаните се недостижни за останатите европски нации. На далечниот северен остров просечниот работен век изнесува 47,4 години. Сосема на спротивниот крај на скалата е Турција, каде луѓето просечно работат по 28,5 години.
Во последните десет години, очекуваниот животен век со ЕУ се зголемува за 1,8 години во 2016 година. Работниот век на жените во ЕУ во периодот 2006- 2016 година се зголеми од 30,6 години на 33,1 години. Очекуваниот животен век на мажите се зголемува 1,1 година од 38 години во 2006 година на 39,1 години во 2016 година, забележува Еуростат.
Меѓу жените во ЕУ, најдолг работен век имаат Швеѓанките 40,3 години, а кај мажите Холанѓаните 42,5 години. Апсолутни шампиони во Европа се исландските мажи и жени, чиј работен век е долг 49,7 години, односно 45,1 години.
(М.Б.)
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти
„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен
Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец
Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец
Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно
НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ
И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното
ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција
СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери





