15 Мај, 2024
0.0284

ПСИХИЈАТАР ЗА УБИЈЦИТЕ НА ДАНКА: Па каде се овие луѓе, на кое ниво на цивилизација?

Објавено во: Балкан 05 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Луѓето кои и го одзедоа животот на Данка спаѓаат во категоријата бесчувствителни убијци. 

Сплитскиот психијатар Иван Урлиќ, вели дека не памети ваков страшен случај на нашите простори, особено што се работи за двегодишно дете.

Од полицијата рекоа дека малото девојче е задавено, а психијатарот Урлиќ објасни дека доколку се точни наводите, се работи за луѓе без морал и совест.

„Тие дури имаа шанса, што е основен човечки порив, да помогнат ако веќе се случил проблем кој може да се случи во сообраќајот, каде што сите сме потенцијални сторители на несакани дејствија. Наместо да го однесат детето и да брзаат во првата болница, тие всушност се препуштиле на нешто што е најлошото од човековите активности. На девојчето му била ускратена помош за нејзината витална потреба, како и можноста да преживее“, вели тој. 

Урлиќ истакнува дека е многу тешко да се коментираат луѓе со кои не разговарал, но читал за нивните постапки во медиумите. Вели дека кај осомничените немало емпатија.

„Очигледно се работи за луѓе кои немале емпатија во тој момент. Мислам дека спаѓаат во категоријата бесчувствителни убијци. Па каде се овие луѓе, на кое ниво на цивилизација? Тоа што го направија е неверојатно, за осуда, но осудата е најмалку важна“, вели психијатарот.

Тие всушност го развивале сценариото и се договарале како да ја прикријат приказната.

Во медиумите се појавија информации дека еден од осомничените за убиство учествувал во потрагата кој трае од минатиот вторник. 

Двегодишната Данка Илиќ, која исчезна минатиот вторник во приградската населба Бањско Поле во Србија, ја убиле двајца работници на комуналното претпријатие Водовод. Убиството го признале Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50), кои со службениот автомобил налетале на Данка, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот и го однеле на депонијата.

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот