ПРУГА КОН БУГАРИЈА: Судир на Министерот за финансии со директорот на Железница!
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2016 07:35
И изградбата на пругата кон Бугарија, како и онаа кон Грција (стопирана е изградбата на пругата Битола - Кременица, што требаше да биде завршена пред два месеци, а со тоа Македонија да добие железничко поврзување со Грција), се соочува со проблеми и пробиени рокови. Но, освен ова имало и несогласувања меѓу министерството за финансии со кое раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ и јавното претпијатие МЖ – Инфраструктура со кое раководи кадар на ДУИ, дознава Фактор.
За да се комлетира оваа железничка траса има три делници, од Куманово до Бељаковце, потоа од Бељковце до Крива Паланка, и од Крива Паланка до граница со Бугарија. На дел од трасите, работите на терен доцнат и се одвиваат со успорена динамика. Но, надлежните институции имале и несогласувања за тоа дали се потребни консултантски услуги за реализација на проектите. Додека директорот на МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани сметал дека консултантски услуги не се потребни, министерот Кирил Миновски се спротивставил, тврдејќи дека тоа е спротивно на потпишаните договори.
Директорот Ирфан Асани, пред неколку месеци на министерот Кирил Миноски му испратил информација во врска сите проблеми со кои се соочува проектот за изградба и реконструкција на железничката делница Куманово – Бељаковце, градежни, административни, правни, финансиски и проблеми со гаранции. А со истиот допис биле доставени и предлог мерки за надминување на проблемите.
Во материјалите, наведени се проблемите кои влијаат на прогресот на активностите предвидени со реализација на делницата, од што се гледа дека иако роковите се пред крај, реализацијата на проектот е во почетна фаза.
„Проблемите се провлекуваат подолг временски период и покрај тоа што 91% од времето е поминато, а прогресот на работите изнесува 19,86%,“ стои во дописот.
Раководството на јавното претпријатие посочило и дека има проблеми со реализација на договорот за консултантски услуги, како и во врска со надзорот на градбата. Па така, од МЖ Инфраструктура сметале дека не е потребен консултат кој ќе помага на државните институции во реализција на проектот, и сметале дека тие пари треба да се пренаменат и да се искористат за финансирање на надзорот, бидејќи и таму се јавиле проблеми.
Но, министерството за финансии не се согласувало со ваквите предлози на МЖ Инфраструктура, што е наведено во писмен допис испратен до владата.
„Со оглед на многубројните отворени прашања и проблеми со кои се соочува овој проект , како и одредбите од договорот за заем, министерството за финансии не се согласува со ставот на МЖ Инфраструтура дека не е потребно ангажирање на консултант. МЖ Инфратсруктура мора да ги почитува одредбите од склучените договори за овој проект и да се придржува до истите, во спротивно проектот нема да може да се реализира“, одговорил Миноски во писмениот допис адресиран до Владата.
Потоа следувало и ново мислење од министерството за финансии во кое се наведува дека МЖ Инфраструктура треба да образложи зошто не одржувало состаноци со министерствата за финансии и за транспорт и врски, кога веќе имало проблеми.
„МЖ Инфраструктура треба да ги образложи причините поради кои од јули 2016 година нема одржано состанок со ЕИП, Едниницата за имплементација на проектот составена од претставници на министерството за транспорт и врски, министерството за финансии и МЖ Инфраструктура, чија цел е координација , управување и надзор на сите аспекти од имплементаација на проектот“, стои во дописот на Миноски.
Поради ова на МЖ Инфраструктура му било препорачано, итно да одржи состанок, но и да напрви детална анализа за физичкиот напредок на проектот од сите аспекти.
Откако бил одржан состанокот на почетокот на минатиот месец, министерството за финансии ја информирало владата дека се донесени заеднички заклучоци како да се надминат проблемите. Сепак, какви заклучоци донеле трите надлежни институции нема инфорамција , но јасно е дека изградбата на делницата од Куманово до Бељаковце има огромно доценење, а совен тоа проблеми имало и на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, каде повторно Миноски и Асани спореле околу консултантот односно германската фирма Обермаер, поради што во еден од дописите Миноски повторно укажува дека немало соодветна соработка со раководството на МЖ-Инфраструктура.
„Дополнителен временски период е изгубен и поради ставот на МЖ Инфраструктура за не земање во предвид на укажувањата и одлуките на ЕИП –Едницита за имплеметација на проектот, составена од министерството за транспрот и врски, министерство за финансии и МЖ Инфратсруктура при изборот на консултант од фирмата Обермаер, кој ќе помага во процесот на подготовка, објавување на тендерска документација, евалуација и избор на градежна фирма“, се наведува во дописот на Миноски испратен до владата.
И ова прашање било решено, на истиот состанок на кој се разговарало за проблемите околу реализацијата на првата делница од Куманово до Бељаковце, но засега нема конкретни податоци што точно е договорено.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




