18 Мај, 2024
0.0694

Протестите во Шпанија и Грција го слабеат еврото

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Веќе втора седмица по ред еврото слабее на светските пазари како резултат на масовните штрајкови против новите мерки за штедење во  Шпанија и Грција. Курсот на еврото минатата седмица падна за 0,9 %, односно едно евро се менуваше за 1,2856 долари. Во однос на јапонската валута падот беше уште поголем 1, 2% или 100,15 јени за евро. И доларот изгуби вредност во однос на јапонскиот јен за 0,3 %,  па цената му падна на 77,95 јени. Ваквиот негативен тренд на слабеење на еврото  е во директно поврзан со масовните протести во Шпанија и Грција, а како резултат на барањето на еврозоната, овие држави да ги намалат своите трошоци и да почнат со штедење. Приносите од 10-годишните  шпански државни обврзници повторно надминаа шест проценти, па поради тоа останува неизвесно дали Шпанија и официјално ќе ја побара меѓународната помош за надминување на кризата. Во меѓувреме, Владата сепак го стега ременот и планира до идната година заштеди од околу 40 милјарди евра, но нема намера да ги зголеми даноците. И за Грција останува прашањето дали земјата ќе биде во можност да ги исполни своите цели во рамките на договорениот пакет помош. Со оглед на тоа што грчките трошоци се двојно поголеми од договорените кредити, се проценува дека ќе биде побарано ново реструктуирање на долгот од Европската Централна Банка. Како што најавуваат дел од јапонските финансиски аналитичари,  еврото постепено ќе слабее. Според нив, постои ризик од намалување на шпанскиот кредитен рејтинг,  грчките преговори може да пропаднат, а со последните протести, економијата во целата еврозоната останува на несигурен терен.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа