28 Април, 2024
0.0261

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА И МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА, А И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Ковачевски од Струмица рече дека од 2016 пензијата рипнала за 6.400 денари

Објавено во: Финансии, Македонија 11 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Го испорачавме и го надминавме нашето ветување за просечна плата. Во новата програма за новиот мандат на СДСМ, нашето изборно ветување е просечна плата од 1.000 евра и минимална плата од 600 евра а ќе ги зголемиме и пензиите, порача вечерва од Струмица претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. 

„Просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година. Пензионерите заслужуваат вреднување на својот минат труди и да имаат подобар животен стандард.  Во новиот мандат пензиите ќе растат уште повеќе“ рече Ковачевски.

Тој потсети и на мерките и политиките на СДСМ со коишто се покачија платите и пензиите на историски највисоко ниво, но и успешно се заштити стандардот на граѓаните во време на глобална криза. 

-Успеавме, со креирање на соодветни мерки, да го заштитиме стандардот на граѓаните, ликвидноста на компаниите и да ги заштитиме работните места.  Ги стабилизиравме и ги намаливме цените на производите, на горивата.  Инфлацијата веќе е 3%, со месеци е на ниво како пред кризата, што значи нашите мерки дадоа резултат. СДСМ покажа дека може да испорача резултат и дека ги исполнува своите ветувања“, рече Ковачевски. 

За само три години, СДСМ врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните со неколку антикризни пакет мерки, потенцираше Ковачевски додавајќи дека ВМРО ДПМНЕ немаше ниту една мерка за поврат на парите кај граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување