28 Април, 2024
0.0279

ПРОСЕЧНА ПЛАТА НЕ ЗЕМААТ НИ 50 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ – недостигот на работници ги зголемува платите, но дали се доволни?

Објавено во: Финансии 27 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Дали платите го следат расотот на трошоците на граѓаните, дали растот на просечната плата е доволен показател за примањата на граѓаните и зачувувањето на животниот стандард на работниците? По објавата на Државниот завод за статистика дека има раст на просечната плата во Македонија која во декември достигна до 40 илјади денари, се стекнува впечаток дека има подобрување на животните предуслови за сите граѓани. Но, сепак, клучното прашање е колку просечната плата е одраз на реалните примања на вработените граѓани, но и дали овој раст е доволен да ги покрие зголемените трошоци, особено поради високите стапки на инфлација кои ја зафатија нашата земја минатата година, кога цените на скоро сите продукти пораснаа.

-  Точно е дека растеа и трошоците на живот, како и платите. Податоците говорат дека растот на трошоците на живот во просек е 9,4 отсто, додека растот на просечната нето плата изнесува 14,9 проценти. Тоа значи дека реалната нето плата пораснала за 5,5 отсто. Јас целосно ја разбирам дискусијата во јавниот дискурс и помеѓу граѓаните, која се сведува на тоа дека животниот стандард е оштетен поради порастот на цените.

Меѓутоа, гледаме дека платата, во просек, растела повеќе од растот на цените, што е клучно за да го зачува животниот стандард. Она што се случуваше на терен е дека имавме усогласување во делот на минималната плата, раст кај платите во јавниот сектор, а сето тоа го следеше и привантиот сектор. Да напоменам дека според наше неодамнешно истражување, главен притисок на фирмите за раст на платите во 2022 година бил недостигот од квалификувана работна сила, што значи дека пазарот на труд е „тесен“ и тоа прави притисок на платите. Во еден помал дел, таков притисок извршила и минималната плата – вели извршната директорка на Институтот за економски истражувања и политики, Благица Петрески.

Таа за Фактор посочува дека во 2023 година фирмите почесто го аргументирале зголемувањето на платите со зачувување на животниот стандард на вработените, односно усогласување со инфлацијата, меѓу другото затоа што во услови на „тесен“ пазар на труд, фирмите сакаат да ги намалат ризиците по флуктуацијата на работната сила.

-  Во таа смисла, и другите доходни категории се усогласија, на пример по сила на закон се усогласија пензиите, социјалните помошти и слично. Значи, статистиката го говори тоа, дека засега доходот не го губи темпото со инфлацијата. Меѓутоа, секако е потребна внимателност, посебно од страна на доходните категории кои зависат од буџетот, со цел евентуален притисок врз потрошувачката од нивна страна да не додаде врз инфлациските притисоци, кои сега се смирени, меѓутоа инфлација од 3,2 отсто во јануари 2024 година е се' уште висока и не може да кажеме дека таа епизода со инфлацијата е завршена. Ризици сеуште постојат и неопходна е внимателност од политиките, посебно од фискалната политика – потенцира Петрески.

Што се однесува пак до економистот Здравко Савески, растот на платите не остава простор за релаксација бидејќи растот на трошоците е поголем од реалната плата. Тој потенцира дека мора да се прави разлика меѓу просечната плата и номиналната за да се добие вистински впечаток за приходите на работниците.

- Несомнен е растот на просечната плата во текот на минатата година. Барем според податоците на Заводот за статистика. Точно е дека имаше инфлација минатата година, од 3,6 отсто меѓу декември 2022 и декември 2023. Но, реалната просечна плата (значи, реалната, а не номиналната), односно куповната моќ на просечната плата порасна за 12,3 проценти, значи значително повеќе од инфлацијата за истиот период.

Дали тоа значи дека треба да прославуваме што е така? Не. Ако пораснала просечната плата над нивото на пораст на инфлацијата, тоа воопшто не значи дека и сите плати исто толку пораснале. Просечна плата не земаат 50 проценти од работниците, и покрај типичната заблуда што намерно се перпетуира кај луѓето, а кои мислат дека просечната плата е исто што и средна плата. Плати над 40.000 денари земаат само околу 20.000 од речиси 700.000 вработени, односно само 3 отсто земаат плата над просечната, а дури 97 проценти земаат плата под просечната! Уште кога ќе се земе предвид дека во пресметката се вклучуваат и платите на капиталистите („работодавачите“) и функционерите, многу јасно станува колку ирелевантни се движењата на просечната плата од гледна точка на оценката за движењето на животниот стандард на работниците – потенцира Савески.

Тој за Фактор истакнува дека разликите меѓу класите во нашата земја се драстично големи, поради што се создаваат погрешни „идеали“ за состојбите и приходите меѓу работниците.

- Во контекст на толку големите класни разлики, што ја обезвреднуваат просечната плата како мерило за животниот стандард, Заводот за статистика има должност да ја објавува и висината на средната плата. Сѐ додека не се објавува средната плата, не може да се тврди дека порастот на просечната плата е реперот според кој треба да сметаме дека нејзиниот пораст значи дека им се подобрил животниот стандард на мнозинството на населението, а не на привилегираното малцинство со високи приходи и богатство – потенцира Савески.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот