30 Април, 2024
0.1229

Пропаста на една компанија низ слики и зборови!

Објавено во: Анализа 19 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Во 2009 година автоиндустријата во САД беше на колена. Тоа беше период кога кризата веќе на големо беснееше во САД и почна да му се заканува на светот. Компанијата Фискер во тој период беше нов старт ап, меѓудругите финасиран и од владини пари, кој требаше да донесе свежа енергија дека земјата која е во рецесија треба да се менува на подобро...и на позелено. Времето на старите возила помина, дојде време кога САД нема да зависат од нафтата и кога нема да го загадуваат светот. 100.000 нови возила ќе излегуваат од оваа фабрика годишно и ќе бидат спасени 5.000 работни места. Тоа барем беа плановите. Четири години подоцна, старите производители се на нозе, некои банкротираа и излегоа од банкротсвото, додека Фискер е на работ на бездната, токму како гигантите пред четири години, но се чини дека неа никој не е расположен да ја спаси. Еве ја нивната приказна: Горе на сликата се Хенрик Фискер и Бернард Колер, оснивачите на компанијата Фискер. Овие луѓе дизајнирале за BMW и Aston Martin и не биле случајни во бизнисот. Во време кога големите компании се мачеле, како и секој паметен претприемач сметале дека е време за промена и за нешто ново. Ова е нивното ново возило – Карма. Оди на струја и на гориво и е една од главните ѕвезди на саемот во Детриот. На струја можеше да помине многу мали за тоа време шеесетина километри. Сепак моделот беше револуционерен и имаше цел со тек на време да ги замени традиционалните возила. Иако требаше со тек на време цената да се намалува, таа постојано се зголемуваше и за неколку години продажната цена на ова возило се позиционираше помеѓу 110 и 120.000 долари. Во 2009 година компанијата доби условен заем со многу поволни услово од нешто повеќе од половина милијарда долари. Главниот дел од производството требаше да биде во пропадната фабрика на Џенерал Моторс во Делавар. Впрочем токму поради тоа компанијата доби така великодушна помош од државата. И така ја произведоа првата Карма... И неа ја доби Леонардо Ди Каприо, кој патем речено вложи дел од своите финасии во компанијата. Ова секако требаше да повлече нови инвеститори и најбитно купувачи на возилата. Младиот Џастин Бибер, пеачот Ашер исто така добија вакви возила, додека компанијата беше се поприсутна во бизнис магазините. Како врв на се во 2012 година од неколку магазини добија награда, најдобро дизајнирано возило за 2012 година. Но уште пред некое време почнаа проблемите кои се потешко можеа да се кријат. Излегоа проблеми со добавувачите, државата го замрзна заемот бидејќи компанијата тапкаше во место и целиот проблем почна да тапка во место. Сепак челниците повторно ја продадоа својата приказни и собраа една милијарда долари од приватни инвеститори. Но, проблемите не заминаа, веќе произведените коли беа враќани од купувачите бидејќи имаа многу неправилности. Потрошувачите буквално ја масакрираа компанијата те нејзниното возило во секој сегмент: мал багажник, батерија која се полни предолго, лоши седишта, шалт табла која покажува погрешни работи, недоволна прегледност.... И згора на тоа главниот доставувач на батерии за возилата на Фискер прогласи банкрот во октомври 2012 година. Еден месец подоцна престанаа да произведуваат возила. Ова требаше да биде новиот модел, насловен како Атлантик и неговото производство е одложено за 2014 година. Секако дека се помалку некој верува дека и овој рок е можен. И како финале на се оснивачот Фискер, по кој е насловена компанијата поднесе оставка поради несогласувања со одборот. Спасот, како што е се почесто оние кои останаа го чекаат од Индија или Кина. Редакција Фактор