02 Мај, 2024
0.0274

ПРОМЕНИ НА ПАЗАРОТ СО СТРУЈА ВО ЕВРОПА - Србија, Унгарија и Словенија ги споија берзите за енергија, ќе има ли пониски цени?

Објавено во: Економија 11 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Србија, Унгарија и Словенија ги обединија берзите за електрична енергија. Заедничката регионална берза беше вклучена меѓу трите водечки во Европа. И тоа носи сигурност во снабдувањето со електрична енергија и го забрзува спојувањето на српскиот и европскиот пазар на електрична енергија.

Заедничката унгарско-словенечко-српска берза за електрична енергија носи повеќекратни придобивки за сите три земји - ја зголемува сигурноста во снабдувањето, ја балансира и ја олеснува трговијата со електрична енергија без административни бариери и со поволно влијание врз пазарните цени, пишува РТС.

„Оваа размена на електрична енергија ја зголемува енергетската безбедност на нашите земји и отвора можност за централноевропскиот регион да има водечка улога во енергетската интерконекција. Да не заборавиме дека станува збор за соработка меѓу земјите членки на Европската унија и земјите кандидати за членство, така што направивме уште еден чекор кон енергетската интеграција на Западен Балкан во Европската Унија“, изјави Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија.

Веќе во 2022 година Србија и Словенија воспоставија заедничка берза за електрична енергија.

Со потпишувањето на договорот за спојување и унгарската берза, сите три земји ја зајакнуваат не само својата енергија, туку и економските позиции на европскиот пазар. Притоа исполнуваат уште еден услов - привлекување инвестиции во обновливи извори на енергија и нивно поврзување на мрежата.

„Успеавме да го потпишеме овој голем договор кој е резултат на напорна и многу посветена работа, многу луѓе кои директно и индиректно беа вклучени во оваа важна работа“, изјави Бојан Кумер, министер за заштита на животната средина, клима и енергија на Словенија.

„Задоволство ми е да ја претставувам Владата на Србија на еден ваков важен настан, формирањето на првата Регионална берза за електрична енергија во регионот на Централна и Југоисточна Европа“, изјави Вељко Ковачевиќ, државен секретар во Министерството за рударство и енергетика на Србија. .

Во Регионалната берза, српскиот преносен систем-оператор „Електромреза Србија“ има удел од 25 отсто.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија