28 Април, 2024
0.0304

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА И ТРЕТ МАНДАТ - уште четири години ќе бидат во Надзорен на Стопанска банка Скопје

Објавено во: Финансии 27 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Професорите Сашо Ќосев и Владимир Филиповски уште четири години ќе бидат членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје.

Ова е нивни тред мандат во еден од највисоките органи на банката.

Ваквата одлука ќе ја донесат акционерите на акционерското собрание што треба да се одржи на 28 март оваа година.

Како што навеле од банката, во предлог одлуката што е подготвена за Собранието на акционери, мандатот на членовите на Надзорниот одбор е во времетраење од четири години. Одлуката ќе стапи во сила по добивањето согласност од страна на гувернерката на Народната банка на Македонија.

Пред доставување на предлогот за именување на член на Надзорниот одбор, Банката врши селекција, проценка на соодветноста и процес на номинација, предводен од страна на Одборот за номинирање и наградување.

Согласно Законот за банки, Надзорниот одбор на СБ е составен од седум членови, од кои двајца се независни членови.

Д-р Владимир Филиповски беше именуван за независен член на Надзорниот одбор за прв пат во 2016 година, и последоватено беше повторно именуван во 2020 година. Неговиот тековен мандат истекува на 27-ми мај, 2024 година.  

Од Банката нагласуваат дека тие почнале процес на евалуација и номинација на кандидати за членови на Надзорниот одбор. Имајќи ги предвид сегашниот профил на Одборот и потребата од континуитет, регулаторните барања, внатрешните политики за корпоративно управување и Стратегијата на Банката, прв избор бил повторно да се проценат тековните независни членови за именување за уште еден мандат од четири години.

„Пред се, беше заклучено дека претходниот мандат на д-р Филиповски се карактеризира со значителен придонес во надзорот на Одборот, стратешките насоки и работењето на одборите на Надзорниот одбор. Независноста на д-р Филиповски, експертизата во доменот на финансиите, и познавањето од домашниот пазар се значителни за целокупното управување сo Банката. Исто така, значителна беше и неговата достапност, посветеност и придонес како Претседавач на Одборот за номинирање и наградување, и неговото учество во Одборот за ревизија. Неговата проценка на соодветноста исто така покажува дека кандидатот има позиција и профил на образование кои продолжуваат да бидат релевантни за позицијата во Одборот, и дека тој ќе може да продолжи да посветува доволно време во извршувањето на своите должности како член на Одборот. Понатаму, тој се оценува како почитуван член кој многу позитивно придонесува кон кохезијата на Одборот, со активно учество во дискусиите и во процесот на одлучување, како и со својата постојана достапност за координација со Претседавачите  и Секретарите на Надзорниот и другите одбори“, се вели во предлог одлуката.

Имајќи предвид дека согласно внатрешните политики на Банката, независните членови имаат право на трет и конечен последователен мандат како независни членови, неговото номинирање е во линија со одбредбите од Законот за банки и Кодексот за корпоративно управување на СБ, и обезбедува континуитет на Одборот. Уште поважно, нема идентификувани пречки кои би можеле да го спречат кандидатот слободно и независно да ги споделува својата експертиза и знаење со другите членови на Надзорниот одбор, како и да ги оспорува одлуките на раководството.

За д-р Сашко Ќосев се наведува дека тој беше именуван за независен член на Надзорниот одбор за прв пат во 2016г., и последоватено беше повторно именуван во 2020г.Неговиот тековен мандат истекува на 27-ми мај, 2024г.  

„Претходниот мандат на д-р Ќосев се карактеризира со значителен придонес во надзорот на Одборот, стратешките насоки и работењето на одборите на Надзорниот одбор. Независноста на д-р Ќосев, експертизата во доменот на макроекономијата, и познавањето од домашниот и регионалниот пазар се многу важни за целокупното управување сo Банката. Исто така, значителна беше и неговата улога како Заменик Претседавач на Надзорниот одбор, како и неговото покривање на клучната позиција на Претседавач со одборот секој пат кога беше потребно. Неговата проценка на соодветноста исто така покажува дека кандидатот има позиција и профил на образование кои продолжуваат да бидат релевантни за позицијата во Одборот, и дека тој ќе може да продолжи да посветува доволно време во извршувањето на своите должности како член на Одборот. Понатаму, тој се оценува како почитуван член кој многу позитивно придонесува кон кохезијата на Одборот, со активно учество во дискусиите и во процесот на одлучување, како и со својата постојана достапност за координација со координација со Претседавачите и Секретарите на Надзорниот и другите одбори“, се вели во образложението.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување