28 Април, 2024
1.3422

Novo Nordisk ја надмина пазарната капитализација од Tesla

Објавено во: Мои пари 13 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Состанокот на Европската централна банка и редовниот полугодишен говор на претседателот на Федералните резерви на САД пред Конгресот не ја прекинаа прославата на берзите, која повторно зајакна во поголемиот дел од изминатата недела. Дури во петокот, главните индекси благо се намалија под притисокот на впаричувањето на профитот од страна на инвеститорите во најголемите производители на микрочипови, бидејќи цените на акциите поврзани со вештачката интелигенција добија и повеќе од 50% за два месеци.

Дали ФЕД наскоро ќе ги намали каматните стапки?

Гувернерот на ФЕД, Powell во Капитол – седиштето на американскиот Конгрес, потврди дека американската централна банка е блиску до точката кога податоците ќе овозможат прво намалување на основната каматна стапка. Неговите зборови беа поткрепени со свежи податоци од крајот на минатата недела од американскиот пазар на труд, кои покрај стапката на инфлација и економскиот раст, се главен фактор за носење одлуки на централната банка. Иако бројот на отворени нови работни места во САД повторно беше поголем од предвиденото во февруари, стапката на невработеност се зголеми на 3,9% од 3,7%. Растот на платите е 0,1% на месечно ниво, а во однос на лани платите во просек пораснале за 4,3%. Двете бројки беа пониски отколку во јануари.

Европската централна банка чека податоци за стабилна инфлација

Очекувано беше, Европската централна банка да ја задржи на 4% основната депозитна каматна стапка. Мартовскиот состанок на ЕЦБ може да се сумира со две клучни пораки. Првата е дека процесот на дезинфлација во еврозоната продолжува успешно, па и прогнозата за просечната стапка на инфлација во еврозоната оваа година беше ревидирана од 2,7% на 2,3%. Дополнително, се очекува базичната инфлација да падне до целта од 2% веќе следната година. Втората порака е дека, ЕЦБ најави дека првото намалување на каматните стапки ќе се случи на еден од трите пролетни состаноци. Во моментов се чини дека најдобрата шанса за тоа е во јуни, кога ќе има доволно податоци кои ќе потврдат дека инфлацијата е стабилизирана. Ризик кој би можел да ја турне ЕЦБ кон можно рано или позначајно олеснување на монетарната политика во наредните месеци е кризата на пазарот на комерцијални недвижности.

Данскиот Novo Nordisk ја надминува пазарната капитализација на Tesla со лекот за дебелина

Позитивна вест повторно доаѓа од данската фармацевтска компанија Ново Нордиск, која минатата недела објави нови откритија во развојот на лекови против дебелина. Лековите за дијабетес и слабеење Ozempic и Wegovy веќе успешно ги поминаа тест фазите и постигнаа голем успех на пазарот, но сега уште подобри резултати покажува активната супстанција наречена амикретин, која е во првата фаза на истражување. Минатата есен, Ново Нордиск го собори францускиот производител на луксузни производи LVMH од тронот на најголемата европска берзанска компанија. Со скок поголем од 5%, пазарната капитализација на компанијата минатата недела достигна 500 милијарди евра, надминувајќи ја американската Tesla.

Конгресот на кинеската комунистичка партија без изненадувања

На годишниот конгрес на кинеската Комунистичка партија, кинеската влада не приреди големи изненадувања и ја постави целта за економски раст на 5%, а целта за буџетскиот дефицит на 3%. Свежите податоци покажуваат дека кинескиот извоз пораснал побрзо од предвиденото во првите два месеци од оваа година. Индексот на цените CPI, исто така, даде поголем оптимизам, инфлацијата повторно беше позитивна во февруари по четири последователни месеци дефлација. И покрај малку подобрите податоци, инвеститорите во кинески акции остануваат многу внимателни.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Централните банки продолжуваат да ги држат пазарите во неизвесност бидејќи намалувањата на каматните стапки се оддалечуваат, но технолошките мегатрендови ја одржуваат берзата привлечна за инвеститорите. Пазарите на капитал очекуваат побрзо и поголемо намалување на каматните стапки отколку што предвидуваат централните банки, а тоа се оправдува со макроекономските податоци. Овој јаз во прогнозите и очекувањата претставува ризик за пазарите и може да донесе корекции на истите. Светската економија останува на патеката на раст, но економската активност е многу нерамномерно распоредена низ светот.

Пазарите на капитал ќе бидат под поголемо влијание на претстојните претседателски избори во САД. Конкретно Трамп веќе ја вознемирува јавноста надвор од САД со своите најави за значително поизолационистичка политика и нови трговски ограничувања, особено во односите со Европа. Сите три работи, политиката на централната банка, претстојните избори и слабиот економски раст во некои региони носат неизвесна прва половина од годината на пазарите на капитал, што ќе можат да ја искористат инвеститорите кои знаат и умеат да гледаат надвор од краткорочните флуктуации. Долгорочните технолошки, економски и социјални трендови остануваат клучни. Технологијата продолжува да ги освојува претходно непознатите области. Вештачката интелигенција или AI носи раст. Индустријата се автоматизира и дигитализира. Одржливоста станува сè поважен начин за инвестирање. Заштедата на енергија, зелената енергија, рециклирањето и заштитата на животната средина создаваат нови можности за инвестирање. Населението во развиениот свет старее, но во светот во развој созрева и создава нова силна средна класа. Ова носи променливи навики на потрошувачите, како и предизвици и можности на глобалните компании за стоки за широка потрошувачка, здравствени услуги итн.

Глобално диверзифицирано портфолио со комбинација од акциски и комбиниран фонд како што е Генерали Америка и Генерали Топ Брендови и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, е најдобриот одговор на предизвиците што ги носи 2024 година. Комбинацијата на вложувања во обврзници и акции во моментов ја претставува вистинската комбинација на принос и безбедност. Одржуваме диверзифициран пристап со периодични зголемувања на инвестициите. Низ историјата, ова се покажа како најдобриот пристап, бидејќи го избегнува ризикот од купување на инвестицијата на врвот.

Здравството останува поволно вреднувано, а во исто време се поврзува со некои добри приказни, како што е влез на вештачката интелигенција во здравството и лекот за дебелина. Технолошките акции, особено на големите светски компании, остануваат високо вреднувани и се почесто го слушаме зборот меур. Но технологијата претставуваат остров со натпросечен економски раст. Околу фондот Генерали БРИК, одржуваме шпекулативна препорака за купување бидејќи сè уште веруваме дека кинеската централна влада ќе биде принудена да направи многу повеќе за да ги смени лошите економски трендови и пазарот брзо и силно ќе реагира на оваа вест. Но, потребно е многу трпение. Досега за жал, овој шпекулативен пристап не донесе резултати.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг