30 Април, 2024
0.0292

Повторно избори во Италија?

Објавено во: Анализа, Свет 01 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Италија има исклучително климава влада која треба да реши сериозни проблеми. Јавниот долг достигна 130% од БДП, додека невработеноста кај младите е фрапатни 40%. Средувањето на овие два основни системски проблеми се главен предизвика за премиерот Енрико Лета, човекот кој ќе биде најодговорен за иднината на неговата земја во периодот кој следува. По долги недели перипетии беше формирана влада по сличен принцип на Грција. Доскорешните најголеми ривали, партиите на Берлускони и на Лета, заедно со поранешниот премиер Марио Монти, формираа влада, на тој начин елиминирајќи го движењето на Бепе Грило поранешниот комичар и тв личност и човекот кој го приреди најголемото изненадување на изборите. И тука продолжува парарелата со Грција, бидејќи слична на партијата на Грило е грчката Сириза на Алексис Ципрас. Притиснати од Европа двете партии мораа да направат коалиција со цел да продолжат со реформите кои Европа од нив ги бара. Секако доколку овој проект се покаже неуспешен, тоа ќе значи сериозен удар за политичката ситуација во земјата и секако за евробирокаратите кои се обидуваат да го задржат проектот за Европа во едно парче. Сепак многу е тешко да се каже колку долго може ваквата неприродна коалиција да опстои. За време на предизборната кампања Берлускони најавуваше нагло кратење на даноците, работа која тешко ќе пројде кај останатите коалициони партнери. Секако, тука е и главниот неекономски проблем затворската казна за Силвио Берлускони, која секако тој ќе се обиде по секоја цена да ја блокира и на крај да ја поништи. И за таа цел Берлускони максимално ја користи неговата медиумска империја, која пред некој ден емитуваше документарен фиил во кој се негираат сите обвинувања кои се насочени кон него, посебно они за сексуалниот скандал. Се чини дека овие активности имаат резултат со оглед на тоа дека партијата не Берлускони е во водство, и тоа комбинирано пред партиите на Лета и Монти. Ваквата ситуација ги подгрева шпекулациите дека Италија по којзнае кој пати ја очекуваат нови избори. Марио Монти во еден негов скорашен јавен настап изјави дека потребни се реформи на системот за гласење и дека во моментов нови избори не се приоритет. Монти е главната причина поради која владата за новите обрвзници плаќа камати помали од 4%, за разлика од 7% кои ги плаќаа во времето на Берлускони, ниво кое се сметаше за многу критично. Поранешниот премиер изјави дека сега Италија и Европа е многу поспремна за новите предизвици и дека најлошото е поминато. Но, доколку најлошото не помине за Берлускони, нови избори веројатно се многу сигурни. Редакција Фактор