20 Мај, 2024
0.0257

Поранешниот гувернер Петар Гошев смета дека долгот на Македонија не е 30% туку 45 % од БДП!

Објавено во: Финансии 26 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Вкупниот јавен долг не е 30,2 проценти како што е официјално објавено, туку изнесува 45 проценти од бруто домашниот производ тврди поранешниот гувернер Петар Гошев. Според него долгот е многу поголем од официјалниот затоа што во официјалниот долг не се вкалкулирани долговите на монетарната власт, јавните фондови, на општините, на градот,  на јавните претпријатија. Сите тие вели Гошев го сочинуваат вистинскиот јавен долг и тој сигурно изнесува 45 % од БДП, Доколку се вкалкулираат целосните податоци вклучувајќи ги и новите задолжувања на државата во висина од 300 милиони евра за буџетскиот дефицит, тогаш јавниот долг ќе надмине 45% од БДП, посочи Гошев. Но бидејќи, Министерството за финансии нецелосно ги објавува податоците за јавниот долг , потребно е да се предвидат најостри санкции во кривичниот законик. Поранешниот министер за финансии пак , Трајко Славески има спротивна теза од тврдењата на Гошев. Според  Славевски во моментов Владата покажува состојба на неликвидност, што е различно од несолвентност а не е точно ниту дека долгот е неодржлив. „Не е точно дека јавниот долг е неодржлив . За тоа имаме потврда и од сите меѓународни финансиски институции. Јавниот долг изнесува околу 30% од БДП како што објавува Министерството за финансии, а порано тој долг изнесуваше и 48% од БДП па не банкротиравме, изјави Славевски. Она што е препорака,  мислам дека немаме премногу во моментов простор за натамошно зголемување на јавниот долг , границата од 40 отсто која што мислам дека не сме блиску до неа , ја немаме надминато , би требало да биде нашата црвена линија. “заклучи Славевски.

 Допoлнително Гошев го критикуваше и тоа што во земјава се крпат само локални патишта, а не градат автопати.

Нашето водство вели дека лепењето по неколку сантиметри асфалт на постоечките локални патишта има приоритет пред автопатите , бидејќи повеќе луѓе минувале по локалните отколку по магистралните патишта, вели Гошев и доава дека тоа без друго претставува или колосално незнаење или колосално мајтапење со целата нација. Повеќето луѓе поминувале по локалните патишта одошто по магистралните во поранешниот Советски Сојуз, во Романија, во времето на Чаушеску, кога никој не смеел да отиде од местото на живеење и работа во друго место и за тоа морале да имаат специјална дозвола. Тогаш повеќе луѓе минувале повеќе по локалните одошто по магистарлните патишта, во сите други нормални ситуации и демократски држави тоа не е можно“ изјави Петар Гошев.    

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома