Поради Германците во овој српски град скокнаа цените на становите
Објавено во: Финансии, Балкан 13 Јули, 2019
Германската фирма "ZF" ја оживеат деловната клима во српскиот град Панчево.
Голем е интересот за вработување во овој град и во оваа компанија, поради што скокнаа кириите, но и цената на квадрат станбена површина, пишува Б92.
Доаѓаат луѓе од цела Србија за да се вработат.
Од агенцијата за недвижности Олимп за Новости велат дека нема нешто многу недвижности за продавање, а цените на кириите се од 150 до 200 евра, зависи каде се наоѓа станот и даки е опремен.
Цената на квадрат е од 500 до 1.000 евра.
фото Новости.рс