03 Мај, 2024
0.0266

ПОМАЛКУ ГОВЕДА – ПОМАЛКУ МЛЕКО: трендот на поскапување на храната нема да исчезне, ниту да се намали

Објавено во: Економија 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Во екот на најголемата криза за храна и поскапувањето на бројни хранливи продукти, меѓу кои и основните како млекото, млечните производи, лебот и житните продукти, но и раст на цените на месото, неминовно се наметнува прашањето се грижи ли некој за домашното прозивдстов на млеко и за драстичното намалување на бројот на добиток во земајва.

Бројките говорат дека Македонија низ годините загубила многу, дека бројот на добиток е намален кај сите категории, а следствено на тоа, намалено е и домашното производство на млеко.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во Македонија во 2023 година имало само 148.693 говеда, од кои 3.468 се сопственост на деловни субјекти, додека 145.225 се на индивидуалните фармери.

Само пет години претходно бројките биле скоро двојни. Во 2018 година во Македонија имало дури 256.181 говеда, од кои 6.559 биле во сопственост на деловни субјекти, додека пак 249.622 на фармери.

Ако се погледнат бројките од пред десет години, поточно во 2013 година, ќе се забележи дека тогаш имало дури и помалку говеда од 2018 година. Имено во 2013 година во Македонија биле избројани 238.333 говеда, од кои 6.919 биле на деловни субјекти, додека 231.414 во сопственост на фармерите.

Од податоците кои се достапни на веб страната на ДЗС, може да се види дека статистичарите имаат податоци се до 2009 година, кога на македонските ниви биле изборјани 252.521 говеда, од кои 8.456 биле сопствеништво на деловни субјекти, додека пак 244.065 на фармери.

Податоците покажуваат дека освен кај свињите, слични трендови има кај сите домашни животни. Па така, ако минатата година во Македонија имало 193.412 свињи, пред десет години нивниот број изнесувал 167.492. Додека пак во 2009 година имало 193.840. Ова покажува дека иако и овој сектор бележел пад, последните години бројот на примероци на свињи во нашата земја повторно се зголемил.

Од друга страна, кај овците се забележува надолен тренд. Ако во 2009 година имало 755.356 овци на наша територија, во 2013 година тие спаднале на 731.828, за минатата година да бидат пребројани помалку од шестотини, или поточно 587.073 овци.

Кај козите иако бил забележан тренд на намалување на бројот на примероците, најновите податоци откриваат повторно раст на овие животни во нашата земја, но се уште не ги достигнале нивоата како во 2009 година кога имало 94.016 кози. Во 2013 година нивниот број паднал на 75 илјади примероци, додека минатата година се зголемил за над 10 илјади кози и достигнал 85.528 кози.

Што се однесува пак до производството на млеко согласно падот на бројот на добиток во земајва се забележува значително намалување и на домашното производство на млеко.

Па така, лани во земајва производството на кравјо млеко достигнало 238.328 илјади литри, што е за 26,5 проценти помалку во однос на 2022 година. Пред пет години, производството на кравјо млеко изнесувало 404.230 илјади литри. Додека пак пред 10 години или во 2013 година биле произведени 380.735 илјади литри, а во 2009 година 342.622 илјади литри кравјо млеко.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија