14 Мај, 2024
0.0972

Подобруваме.мк - иновативна платформа која ќе ни помогне заедно да ги решаваме транспарентно проблемите во општеството

Објавено во: Мои пари 27 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Секој од нас секојдневно се соочува со различни проблеми во местото во кое што живее. Без разлика дали станува збор за некој личен или општествен системски проблем. Сите ние имаме по нешто да им кажеме на институциите за да променат или поправат. Сега, тоа можеме да го направиме на лесен и едноставен начин преку иновативната платформа наречена Подобруваме.мк. 


Замислете дека можете директно и траспарентно да комуницирате со претставници од одредена институција и да им го кажете Вашиот проблем и јавно да го пратите решавањето - сега тоа е можно на онлајн платформата http://podobruvame.mk/.


Подобруваме претставува онлајн платформа преку која граѓаните можат да пријавуваат проблеми или да даваат предлози до надлежните државни институции. На овој начин, државните институции ќе имаат увид во проблемите на граѓаните и ќе можат полесно и побрзо да ги решаваат нивните проблеми. Со следење и благовремено одговарање на проблемите од граѓаните, заедно ќе ја подобриме нашата држава. 

Сè што треба да направите е да креирате профил и да напишете Ваш проблем, алгоритамот на платформата сам ќе ја пронајде надлежната институција која е релевнатна за решавање на вашиот проблем, а доколку тоа не е можно самите ќе може да ја изберете надлежната институција. 

Како функционира? 

Граѓаните детално ги опишуваат проблемите и прикачуваат фотографии доколку е потребно, а институции добиваат известување во својот профил и мејл за некој пријавен проблем од страна на граѓаните. 

Системот преку своето софтверско решение ја детектира институцијата која е релевантна за решавање на тој проблем, а доколку не успее во тој случај корисникот може самостојно да ја одбере релевантната институција. 

Важно е да се напомене дека секоја институција која добила прашање може да го препрати до друга релевантна институција доколку смета дека таа не е релевантната адреса за тој проблем. 

Одговорното лице од институцијата му одговара на корисникот, го известува за процесот на решавање на проблемот и поставува рок за негово извршување. 

Проблемот може да биде во статус Неодговорено, На чекање, Се извршува, Завршено, Незавршено. 

Комуникацијата е јавна и транспарентна, меѓутоа само корисникот и институцијата се вклучени во директната комуникација. 

На http://podobruvame.mk/, секој граѓанин има шанса да комуницира со која било државна институција доколку има потреба. 

Секоја институција се оценува од граѓаните кој напишале проблем до нејзе, платформата генерира статистика со ефикасноста на институцијата и ја оценува по многу предефинирани критериуми. 

Дефинитивно, институциите мораат да го заслужат рејтингот на граѓаните! 

Тимот на Подобруваме вели: 

Нашата цел преку оваа платформа е подобрување на сите процеси во државата, а преку решавање на проблемите заедно градиме рејтинг на нашите институции и ја зголемуваме довербата во институциите од страна на граѓаните што е предуслов за стварање на општество почитувано од самите граѓани. 

Сакаме да создадеме општество во кое државните институции ќе одговорат на секое прашање поставено од кој било граѓанин во рок од 24 часа. Ние веруваме дека во државата постојат службеници кои навистина сакаат нашето општество да биде подобро место за живеење. Затоа, оваа платформа им е наменета најпрво ним, како и на сите оние кои сакаат да ја подобриме нашата држава. Секој од нас барем еднаш неделно констатира некој проблем во нашето општество. 

Кога секој од нас би го напишал тој проблем на http://podobruvame.mk/, нашето општество би станало подобро и со поголем степен на меѓусебна доверба. Платформата е веќе во функција и веќе граѓаните почнаа да ги пријавуваат своите проблеми. Дали и Вие имате некаков проблем? Пријавете го на http://podobruvame.mk/.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти