19 Мај, 2024
0.0258

Почна жетвата на јачменот, земјоделците бараат повисока цена

Објавено во: Агробизнис 11 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Започна жетвата на јачменот во во штипско-карбинскиот регион. Годинава земјоделците од овој реон очекуваат добар род на засадените 2.500 хектари јачмен. Според првичните прогнози приносот по хектар нема да биде понизок од 3 тони јачмен. Земјоделците бараат откупна цена од 15 денари за килограм, додека лани во просек за килограм јачмен се плаќаше меѓу 11 до 12 денари, а приносите од единица хектар беа од 800 до 1.200 килограми. Откако ќе заврши жетвата на јачменот, почнува жетвата на пченицата во штипско-карбинскиот регион пченицата. Таа овде ја има на површина од 3.500 хектари, но годинава се очекуваат пониски приноси од лани.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?