02 Јуни, 2024
0.0371

Почна да се гради новиот спортски центар „Јане Сандански“

Објавено во: Македонија 11 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Во општина Аеродром денеска почна изградбата на спортскиот центар „Јане Сандански“, кој  ќе се гради според сите стандарди на ФИБА и ЕХФ, на местото на истоимената спортска сала.

Новиот спортски центар ќе содржи две спортски сали од кои едната со капацитет од 5.360 гледачи и помошна со околу 1.000 места. Во рамки на комплексот ќе има и хотел со над 60 соби, базен, спа и модерен фитнес центар, како и многу други придружни содржини.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот  Никола Груевски, рускиот инвеститор Сергеј Самсоненко, како и градоначалниците на Град Скопје и општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

- Денешниот камен темелник е темелник на ново спортско здание во кое ќе растат и ќе тренираат голем број нови генерации на Аеродром. Спортско здание кое ќе биде сведок на нови спортски успеси, место кадешто ќе се создаваат врвни спортисти кои ќе ја зајакнат промоцијата на општина Аеродом на национално и меѓународно ниво, истакна премиерот Груевски.

Тој посети на ограниченоста на старата сала и на неможноста спортските фанови да присуствуваат на натпреварите.

- Во нејзините историски поглавја се запишани бројни моменти на сала, радост, подеми и падови на екипите кои играа во неа, а пред се на МЗТ Скопје. Ограниченоста на салата и нејзините услови ги чуствуваа и спортистите кои години наназад во неа тренираа и настапуваа на домашни но и на значајни меѓународни натпревари. Резултатите кои се постигнуваа и кои сеуште се постигнуваат заслужуваат поинаков третман, услови и поинаква сала, рече Груевски.

Рускиот инвеститор истакна дека објектот нема комерцијален мотив, туку има голем социјален аспект и нагласи дека се што прават ќе остане за идните генерации. Се заблагодари за соработката со надлежните институции и за тоа што за кратко време се завршени сите потребни процедури за изградба на комплексот.

Градоначалникот на Аеродром очекува во новиот спортски центар да се нижат многу домашни и меѓународни успеси и младите генерации да прераснат во врвни светски спортисти

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството со истрага за седум дилери, од вкупно 28 кои ги уапси МВР

Обвинителството со истрага за седум дилери, од вкупно 28 кои ги уапси МВР

ТУНТЕВ ПОДНЕЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО АЦВ - раководи со оваа институција од 2019 година, доби и втор мандат

ТУНТЕВ ПОДНЕЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО АЦВ - раководи со оваа институција од 2019 година, доби и втор мандат

И АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ - не може да бидат и премиер, министри и пратеници, еве што велат за прекршителите

И АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ - не може да бидат и премиер, министри и пратеници, еве што велат за прекршителите

„На крајот ќе видите, ќе ги внесат Бугарите во Уставот“: Крмов вели народот е повторно излажан

„На крајот ќе видите, ќе ги внесат Бугарите во Уставот“: Крмов вели народот е повторно излажан

ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ - уште една жртва во сообраќај, во друга сообраќајка возач на мопед добил тешки повреди

ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ - уште една жртва во сообраќај, во друга сообраќајка возач на мопед добил тешки повреди

„Од колонизатори што можеш да очекуваш?“: професорката Ванковска со посебен статус попладнево

„Од колонизатори што можеш да очекуваш?“: професорката Ванковска со посебен статус попладнево

МЕЧКА СО ДВЕ МЕЧИЊА СЕ ШЕТААТ НИЗ МАВРОВО - луѓето збунети, но и животните

МЕЧКА СО ДВЕ МЕЧИЊА СЕ ШЕТААТ НИЗ МАВРОВО - луѓето збунети, но и животните

Таксист доживеал срцев удар додека превезувал патник - му се слошило и удрил во дрво

Таксист доживеал срцев удар додека превезувал патник - му се слошило и удрил во дрво

„Кога ќе ги прашаат грчките политичари дали во Грција е напишано уставното име на МК“: Трајкоска за заканите од соседите

„Кога ќе ги прашаат грчките политичари дали во Грција е напишано уставното име на МК“: Трајкоска за заканите од соседите