ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица
Објавено во: Македонија 23 Април, 2024
Полицијата фати 19 годишник и малолетник како лепат плакати во изборен молк.
Полицајци од СВР-Тетово утрото во еден часот по полноќ привеле две лица откако добиле пријава дека со автомобил оделе низ тетовски села, во период на предизборен молк и лепеле плакати за претстојните претседателски избори.
„19 годишникот и малолетникот биле затекнати во тетовското село Синичане и двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори. Со нив е извршен службен разговор во полициското одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.Молкот ќе биде на сила и утре додека не заврши гласањето.