13 Мај, 2024
0.1395

Платени 6,75 милиони евра „казна“ за непотрошени пари за гасификација на земјата

Објавено во: Економија 08 Април, 2024

Добивај вести на Viber

АД Номагас, националниот оператор на системот за пренос на гас, платил провизија за неповлечени средства од над 400 милиони денари, поради тоа што не ги трошел договорените износи од кредитирањето од Дојче Банка и Ерсте Банка за проектот за изградба на магистралните гасоводи Штип - Неготино - Битола и Скопје - Тетово - Гостивар. 

Ова меѓудругото го констатира Државниот завод за ревизија во својот последен извештај за „развојот на системот за гасификација во Македонија“ во последните години. Станува збор за околу 412 милиони денари, или околу 6,75 милиони евра, кои акционерското друштво требало да ги плати како еден вид „санкција“ за непотрошени средства од подкредитот на меѓународните финансиски институции за изградба на двете гасоводни делници.

Кредитот од 90 милиони евра беше договорен во 2015 со рок на враќање од седум години и грејс период од три години. Во озаконувањето на договорот со банките беше предвидено дека парите може да се користат и за буџетска поддршка. По девет години , гасоводите се речиси изградени но не се пуштени во употреба поради недовршена експропријација.

Државниот ревизор не се согласува со констатацијата на „Номагас“ дека сметководствено тоа се „материјални средства во подготовка“ и „други трошоци на ентитетот“, туку дека треба јасно да се евидентира дека „конкретниот закон за задолжување јасно пропишува дека на износот од неповлечените средства од заемот, ќе се плаќа провизија во износ од 2,47 отсто на годишно ниво, односно истиот не ја регулира провизијата како други трошоци коишто ентитетот ги прави во врска со позајмувањето на финансиските средства“.

Во самиот одговор што го добил ревизорот од „Номагас“, операторот возвратил дека станува збор за „капитализирање на трошоците од позајмување (камати и крусни разлики“ и „финансиски трошок надвор од договорот за максималниот износ кој може да се повлече“. Ова ревизорот не го прифаќа како објаснување.

За задолжувањето за изградба на оваа фаза од гасификацијата бил склучен договор за кредитирање од 90 милиони евра, но за доспеаните долгови биле пролонгирани роковите преку Министерството за финансии и тоа на два пати - од кои првиот рок на допсевање од декември 2021 се одложува за јули 2023, а вториот од март 2023 за април 2025.

- Согласно член 2 од договорот за подзаем, предвидено е за неповлечените средства од подзаемот да се плаќа провизија во износ од 2,47 отсто на годишно ниво. Согласно добиените податоци од субјектот предмет на ревизија, заклучно со 31 август 2023, износот на провизијата за неповлечени средства од кредитот, изнесуваат 412.407.000 денари, констатира ДЗР.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо