19 Мај, 2024
0.0346

Паркинг место, топ бизнис: ЈП „Градски паркинг“ го зема под свое и просторот во клинички центар

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Град Скопје донесе одлука со која ги дава на користење на ЈП Градски Паркинг двата големи паркинзи во кругот на кличничкиот центар „Мајка Тереза“ Едниот паркинг простор е со површина од 2731 м2, а вториот паркинг простор со површина од 1818 м2. ЈП Градски Паркинг има право да ги користи недвижните ствари од член 1 исклучиво со намена организирање на паркирање за потребите на Комплексот Клиники „Мајка Тереза“. ЈП Градски Паркинг од месечната добивка остварена од користење на паркингот во сооднос 2:1, два дела ќе задржи за сопствени потреби, а еден дел ќе му префрли на Министерството за здравство на РМ. Паркинзите му се даваат на користење на ЈП Градски Паркинг за период од 10 години. „Со оваа Одлука Градот Скопје на ЈП Градски паркинг – Скопје му ги дава на користење недвижните ствари кои се предмет на истата, со цел реорганизација на површините наменети за паркирање на возилата на вработениот персонал и посетителите на Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ заради обезбедување на полесна пристапност до содржините на комплексот, поефикасно искористување на расположливиот простор за паркирање, подобрување на контролата на користење на паркинг-површините, како и редовно и квалитетно одржување на нивната хигиена. Согласно најавените планови за работа на ЈП Градски паркинг – Скопје посебни привилегии во делот на месечните претплати, како и можност за резервирани паркинг места, ќе бидат обезбедени за вработените во Комплексот, а за неговите посетители ЈП Градски паркинг – Скопје планира да утврди ниски и пристапни цени по час паркирање“ се вели во образложението на одлуката.

Можеби ќе ве интересира

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје