26 Април, 2024
0.0272

ПАРК ХОТЕЛ И СПА, ПРВ ХОТЕЛ СО ЕЛЕКТРИЧЕН ПОЛНАЧ ВО МАКЕДОНИЈА

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во Парк Хотел и Спа, официјално се пушти во употреба станица за полнење електрични возила, која што го прави хотелот, единствен од ваков тип во Македонија. На настанот бешеп рисутна и еврокомесарката за транспорт Виолета Булц која во хотелот пристигна со своето електрично возило и беше првата која го употреби новиот полнач.

Во Парк Хотел и Спа се одржа конференција, на тема: Проект » Edison eSkopje «, во соработка со Сојузот на Ротари Клубовите од Македонија. На конференцијата имаше кратко излагање Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, а тематска презентација имаше Изток Селјак - Хидриа / Словенија - »Edison eSkopje« и Марко Фемц претставник од Планет – нет / Словенија.

Со оваа инвестиција Парк Хотел и Спа, се приклучува на платформата „Едисон“ (eco driving innovating solutions and network) која има за цел да го претвори регионот во лабораторија на идната зелена мобилност.


“Сакаме да ја поттикнеме и индустријата да се вклучи во овие трендови – изјави Изток Селјак, координатор на проектот „Едисон“ преку кој се очекува да се електрифицираат автопатишатата во регионот. Токму затоа е формиран проектот „Едисон“ кој здружува 50 компании, универзитети и институти во Словенија, а сега се проширува и низ цела ЈИЕ преку концептот „Едисон е-сити“ со лансирање инфраструктура на полначи за електрични зелени возила, зелени такси, каршеринг, а сакаме да ја поттикнеме и индустријата и производството да го искористи „Едисон“ за нови иновативни решенија и зелен коридор од Љубљана до Скопје, Приштина и Тирана во должина од 1.400 километри„ – изјави Изток Селјак.

“Парк Хотел и Спа продолжува со еко проекти кои влијаат позитивно на животната средина Постојано воведуваме технолошки новини во работењето и спроведуваме низа на активности за превенција од дополнително загадување на животната средина и подобрување на истата. Oпштествена одговорност за нас претставува дејствување пошироко од рамките на националните закони и општесвени легислативи. Во оваа насока ние внимаваме како нашето дејствување влијае на нашите вработени, посетители, општествената заедница и животната средина.„  – изјави генералниот менаџер на Парк Хотел и Спа, Панајотис Колокатис.

За повеќе информации за електричниот полнач и за еко проектите на Пакр Хотел и Спа погледнете на http://parkhotel.mk

Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”