12 Мај, 2024
0.0257

Папандреу има над 700 милиони долари на швајцарски сметки?

Објавено во: Балкан 04 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Т.н. "Лагард листа" сеуште предизвикува проблеми во Грција, повторно, со новите извештаи кои стигнуваат до самиот политички врв. Во неделата два грчки неделни весници, „То Вима“ и „Прото тема“, објавија дека Маргарита Папандреу, мајката на поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, била поврзана со мистериозна швајцарска банкарска сметка од страна на грчкиот Оддел за финансиски криминал (SDOE). Најголемата фигура на „Лагард листата“ со сметка од 550 милиони евра (714 милиони долари) е извесна Марија Пантели, но според извештаите објавува „То Вима“, Николаос Лекас, шефот на SDOE, соопштил дека зад најголемиот депозит забележан на спорната листа , всушност стои г-ѓа Маргарита Папандреу.Сепак Лекас подоцна негира дека го споменал името на Маргарита Папандреу, посочува весникот Екатимерини. И семејството Папандреу исто така излезе против ваквите извештаи. „Овие извештаи... се јасно насочени против мене и политиката која што јас ја спроведувам, а насочена против сите форми на политички и лични интереси", истакна  Јоргос Папандреу како одговор на обвинувањата во статиите. Неговата мајка, кој инаку беше во брак со поранешниот премиер Андреас Папандреу, ова го смета за личен напад врз нејзиното семејство, според „Грик Репортер“. Иако Јоргос Папандреу се повлече од премиерската канцеларија во 2011 година, тој сепак остана член на парламентот. Неговата мајка исто така има интересна историја. Родена е како Маргарет Чант во САД и а нејзиниот иден сопруг го запознава на Универзитетот во Минесота, каде што тој предавал како професор и веќе бил оженет.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!