19 Мај, 2024
0.0398

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Објавено во: Мои пари 06 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Носечки клуб на македонската сениорска карате-репрезентација на претстојното Европско првенство е „Макпетрол“. Осум членови на скопскиот клуб ќе се натпреваруваат на најсилниот турнир на континетот што ќе се одржи во Задар од 8 до 12 мај. Тие изминативе денови одржаа интензивни подготовки во Струга, а по нивното успешно комплетирање, заминаа за Хрватска.

Пет спортисти од вкупно осум, кои се повикани за националниот тим, ќе настапат во поединечните категории во дисциплината кумите, а тоа се: Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55кг.) и Ангела Мојсовска (-68кг.) За дисциплините борби во екипна конкуренција се повикани: Викторија Јовановска, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ. 

Сите горенаведени натпреварувачи, кои ќе настапат во поединечна конкуренција за тимот на Македонија, се пријавени и во екипна конкуренција во составите на машкиот и женскиот кумите тим за Европското првенство во Задар.

- Во реализацијата на програмата за успешна подготвеност, нашите сениори од самиот почеток на годината, учествуваа на сите највисоко рангирани првенства и светските карате премиер лиги. Завршните подготовки, исто така, се многу значаен сегмент за правилно темпирање на формата, како финален дел од планот за подготвеност на спортистите за овој шампионат. Со малку спортска среќа, која секогаш е неопходна, очекуваме да имаме и добар настап на ова највисоко рангирано континентално првенство за оваа година - изјави Бошко Заборски, тренер на „Макпетрол“.

Претседателот на КФРСМ, Дејан Чолески, ги посети репрезентативците во нивниот камп во Струга. На Европското првенство во Задар, пријавени се 600 спортисти од 50 држави.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст