02 Мај, 2024
0.0269

Општина Кавадарци ќе биде дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Објавено во: Мои пари 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Учениците кои посетуваат настава во основните училишта во Кавадарци ќе се стекнат со знаења за врсничко насилство. Оваа активност е дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Со цел поефикасна реализација, општината и компанијата потпишаа меморандум за соработка. На „Крени глас против врсничко насилство“ досега се приклучија 20 општини. Работилници се одржаа во над 40 училишта, а на нив учествуваа неколку илјади ученици. Истите се во тек во дел од општините, а во останатите ќе се одржат во периодот што следува.

Во текот на работилниците, учениците, преку разговор и вежби кои што ги води психолог со долгогодишно искуство со темата, разгледуваат повеќе аспекти на врсничкото насилство. На овие средби учествуваат и стручните служби кои што имаат можност да се стекнат со знаења што потоа можат да ги применат во секојдневната настава. Младите, наставниците, но и психолозите и педагозите, на работилниците се запознаваат со формите на булинг, како што се физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството.

Покрај Кавадарци, од почетокот на годинава и Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево се приклучија во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Претходно, во 2023 година, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.

Вебсајтот kreniglas.mk е носечки дел на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“. На оваа платформа се поставени детални информации, совети и искуства кои што можат да помогнат во препознавањето, соочувањето и потенцијалното разрешување на случаите со булинг. Со заштита на анонимноста, како клучна кога се разговара за овој проблем, секој што сака или чувствува потреба, може на вебсајтот да ја раскаже својата приказна поврзана со булингот. Дополнително, без откривање на личните податоци, исто така, преку интерактивни тестови може да се дознае дали некој бил извршител, жртва или набљудувач на случаи со врсничко насилство.

Со активостите што се дел од „Крени глас против врсничко насилство“, „Макпетрол“ реализира еден од своите страешки приоритети - општествената одговорност. Компанијата ја испраќа пораката „Стоп за булинг“ и цели кон поттикнување јавна дискусија и зголемен интерес за проблемот со врсничкото насилство. Покрај тоа, „Макпетрол“ се стреми да овозоможи поддршка и да креира услови за децата и младите во земјава да ги развиваат своите потенцијали.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година