14 Мај, 2024
0.0244

Зголемена профитабилност, раст на продажбата на Окта во првото полугодие

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Зголемена е профитабилноста во првата половина од 2019 година, покажуваат финансиските резултати на компанијата ОКТА. Остварено е континуирано подобрување на обемот на продажба на домашниот и на странскиот пазар, вклучувајќи ја тековната оптимизација на оперативните трошоци како резултат на постигнатите оптимални органограмски активности, како и понатамошната рационализација на индиректните трошоци.

Според тоа, прилагодената ЕБИТДА, како главен показател за оперативната профитабилност на компанијата, достигна 157 милиони денари за првата половина од 2019 година, надминувајќи ги 152 милиони денари од истиот период минатата година. Приходите од продажбата изнесуваат 12.639 милиони денари и се повисоки споредено со истиот период минатата година (12.116 милиони денари). Добивката пред оданочување за првата половина од 2019 година достигна 39 милиони денари, надминувајќи ги 32 милиони денари за првата половина од 2018 година, како резултат на порастот на меѓународните цени на горивото, зголемениот обем на продажба на домашниот и на странскиот пазар, како и зајакнатата оперативна ефикасност во текот на 2019 година.


Ликвидноста на компанијата, поради промените во структурата и динамиката на плаќања, остана на рекордно високо ниво, кое ѝ обезбеди на компанијата непречено да ги извршува своите оперативни активности, без притоа да ги употреби кредитните линии кои ги има на располагање.

Во вториот квартал од 2019 година, ОКТА трета година по ред продолжи со реализација на кампањата за зголемување на свеста за безбедноста во сообраќајот, „Јас внимавам“. Во рамките на оваа активност се изработија едукативни видеа во кои се обработуваат најчестите причини за секојдневните сообраќајни незгоди. Преку објавување на видеата на социјалните медиуми се поттикнува поголема внимателност кај сите учесници во сообраќајот. Во текот на мај и јуни беа објавени огласите и се изврши изборот на тројца студенти од земјава кои ќе добијат стипендии за постдипломски студии на Универзитетот во Пиреја, Грција со што ОКТА уште еднаш ја покажа посветеноста кон развојот на младите генерации во државата.

Дополнително, раководството на ОКТА внимателно ги следи предизвиците и состојбите и преку проактивно планирање, постојано има цел да обезбеди редовно и непречено снабдување со горива со највисок квалитет на локалните и соседните пазари. Во исто време, продолжува да ја движи компанијата напред преку искористување на можностите кои ќе се појават за натамошно подобрување на деловните резултати и зголемување на оперативната ефикасност.


Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН