27 Април, 2024
0.0532

ОКТА ја продолжува успешната соработка со Централниот депозитар за хартии од вредност

Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Компанијата ОКТА втора година по ред дивидендата на своите акционери ќе им ја исплати преку Централниот депозитар за хартии од вредност. Исплатата на дивидендата е резултат на високата профитабилност постигната во 2016 година и зголемувањето на пазарниот удел на домашниот и на странскиот пазар заедно со оперативните подобрувања во работењето на компанијата.

Посредувањето од Централниот депозитар при исплата на дивидендата, беше првпат иницирано измината година, кога ОКТА донесе одлука за институционална исплата на истата на брз и ефикасен начин, со придобивки за акционерите и за компанијата.

Исплатата на дивиденда ќе биде извршена на трансакциски сметки соодветно информациите што акционерите ги доставиле до Централниот депозитар за хартии од вредност, а кои беа користени за исплата на дивиденда и минатата година. Централниот депозитар за хартии од вредност ќе испрати допис со кој ќе ги повика акционерите кои сè уште немаат ажурирани информации потребни за спроведување на процесот на исплата на дивиденда, да достават податоци за трансакциска сметка.

Доколку е потребно ажурирање на веќе доставените податоци, акционерите треба соодветните информации да ги достават во Централниот  Депозитар најдоцна до 21-ви јули 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“