19 Мај, 2024
0.0285

Oд кој српски политичар Борисов бара извинување?

Објавено во: Балкан 09 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Бугарскиот премиер Бојко Борисов бара извинување од српски политичар. 

„Сакам Ивица Дачиќ да ми се извини јавно, сега ќе разберат што е прифатливо, а што не е. Ивица Дачиќ мора да ми се извини. Што сум згрешил? И како е моето однесување неприфатливо? Вчера си дозволи да го повика нашиот амбасадор и да му каже дека моето однесување е неприфатливо. Дачиќ сега ќе види што е неприфатливо однесување. Тој сега ќе види … До вчера зборував со најдобри зборови, но откако си го дозволи тоа, се додека не ми се извини на мене, не ме интересира што ќе кажат ниту Александар Вучиќ ниту Ана Брнабиќ“, вели Борисов.

Тој откри дека Дачиќ се извинил вчера, но не јавно. 

Агенцијата БГНЕС потсетува дека поранешниот портпарол на Слободан Милошевиќ и сегашниот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, упати остри критики кон Бугарија по повод изјавата на бугарскиот премиер на самитот во Берлин на Западен Балкан во петокот, откако Борисов рече дека идниот лидер на европската дипломатија, Жозеп Борел, треба да ја изрази позицијата на целата Унија, а не на неговата родна Шпанија во врска со Косово.

Оваа позиција е категорична – признавање и почитување на суверенитетот на најмладата балканска држава.

фото БГНЕС

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс