02 Мај, 2024
0.0351

„ОД ДЕНЕШЕН АСПЕКТ СЕ КААМ ШТО ВЛЕГОВ ВО ПОЛИТИКАТА, НЕ ОЧЕКУВАВ ДЕКА ВЛАСТА МОЖЕ ДА БИДЕ ТОЛКУ ЗЛОБНА“ - Владимир Тодоровиќ Тинекс за прв пат во јавноста после 12 години

Објавено во: Економија 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Владимир Тодоровиќ, познат како сопственик на синџирот маркети „Тинекс“, кои беа меѓу првите модерни и достапни маркети за граѓаните и своевиден симбол на приватната иницијатива во земјава, а сега нивната бројка достигнува 40, не се имаше појавено во јавноста речиси 11 до 12 години. 

Порталот Фактор преку својот подкаст „Бизнис муабети“ со познатиот водител Мишко Иванов, за Вас почитувани читатели, обезбедува разговор со овој познат бизнисмен, кој своевремено се испроба и во политиката, како градоначалник на најпрестижната скопска општина Центар. 

Иванов го прашува Тодоровиќ за неговите почетоци во професионалниот живот, кога своевремено работел како градежен инжинер, за богатството, како го стекнал, за тоа дали има милијардери во Македонија, како и серија други интересни прашања околу неговиот професионален, но и личен живот. 

„Кога ме прашуваат дали јас треба да имам 20 маркети, или 50 или 100, јас одговарам дека никогаш немам поставено праг колку маркет би требало да имам. Не поради тоа што тоа би требало да има лимит, туку дека пазарот е таков, каде што се борите за егзистенција“, одговара Тодровиќ на прашањето на Иванов дали е вистина дека за бизнисмените е најтешко да се стекне првиот милион.


На прашањето дали има милијардери во Македонија, Тодоровиќ вели дека во тоа не верува.  

Прашан пак, дали се кае што влегол во политиката, Тодоровиќ вели дека „од денешен аспект - можеби да“. 

„Не ми беа очекувањата дека власта може да биде толку злочеста“, вели Тодоровиќ. 


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија