19 Мај, 2024
0.0343

ОБЛЕКАТА ПОЕВТИНИЛА: Граѓаните плаќале поскапо за овошјето и зеленчукот

Објавено во: Економија 07 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Во април граѓаните плаќале поскапо за овошје и зеленчук. 

Од друга страна поевтина била облеката и горивата. 

Ова го покажуваат податоците кои ги објави Државниот завод за статистика.

Трошоците на животот во април во однос на претходниот месец скокнале за 0,1 отсто, а во однос на април лани има намалување од 0,1 отсто. 

Кај цените на мало има намалување од 0,5 отсто во однос на март годинава, а во однос на април лани пад од 1,3 отсто. 

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2020 година, во споредба со претходниот месец, има кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 9,1 отсто, свежото и разладеното овошје за 9 отсто, рибата и морските плодови за 1,2 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,9 отсто, јајцата, прехранбените производи неспоменати на друго место, виното за 0,8 отсто, пивото за 0,6 отсто, сирењето и урдата, маслото и маснотиите за 0,5 отсто, лебот и житата за 0,4 отсто. 

Шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци за 0,3 отсто и јогуртот имаат раст за 0,2 отсто.

Во април раст е забележан и кај телефонската и телефакс-опремата за 2,6 отсто, обувките за 1,8 отсто, резервните делови и приборот за сопствени превозни средства за 1,1отсто, малите електрични апарати за домаќинствата, другите медицински производи за 0,4 отсто и снабдувањето со вода за 0,3 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2020 година, во споредба со претходниот месец, е регистрирано кај газираните пијалаци за 0,3 отсто и помалку масното млеко за 0,2 отсто.

Пад на цените има кај течните горива за домаќинствата за 20,3 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 17 отсто, гасот за домаќинствата за 7 отсто, информатичката опрема за обработка на податоци за 3,3 отсто, моторните возила за 1,4 отсто, игрите, играчките и хобијата за 1,2 отсто. 

Намалување има кај облеката, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,5 отсто, фармацевтските производи, електричните апарати за лична хигиена за 0,4 отсто.

Еден месец претходно, индексот на трошоците на животот во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи пораст од 0.5 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.3%.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа