27 Април, 2024
0.0291

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Објавено во: Економија 28 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Една од најголемите скопски компании за изнајмување на деловен и недвижен имот се враќа на пазарната позиција на која ја паметиме пред десетина години. Со нови сопственици и управа „Скопски пазар“ очекува да направи приходи поголеми од 10 милиони евра и профит што ќе надмине 6 милиони евра

„Скопски пазар“, најголемата компанија за управување со 12 зелени пазари, најавува исклучително добра година, покажуваат податоците на нивниот финансиски план за 2024 година достапни на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Според официјалните податоци планот за годинава е „Скопски пазар“ да ги зголеми приходите до 68 отсто во однос на оствареното во 2023 година.

Според планот „Скопски пазар“ годинава од кирии на пазаришните тезги и од закуп на деловен простор ќе инкасира до 10,4 милиони евра. Тоа е за 4 милиони евра повисоки приходи во однос на тоа што го оствариле минатата година.

При вакво зголемување на приходите планот на компанијата е расходите од работењето да ги зголеми за помалку од 8 отсто.

Планираната нето добивка од работењето годинава е проектирана да надмине износ од 6 милиони евра. Ако го реализира планираното „Скопски пазар“ би ја зголемил добивката на износ од 5,5 милиони евра. И тука доаѓа најважното и најдоброто за сите акционери на таа скопска компанија. Профитот годинава е проектиран да биде повисок за речиси 2 пати во однос на мината година во која добивката беше на границата од 2 милиони евра.

Иако на некои инвеститори во акции нема да им е по волја мора да се истакне транспарентноста на раководството на „Скопски пазар“ во однос на дивидендната политика. Во планот за годинава пишува дека немаат намера да делат дивиденда во период од пет години и тоа го поврзуваат со нивните тековни и идни инвестициски активности како и со кредитната изложеност на компанијата со особен акцент на долгорочните кредити.

„Скопски пазар“ од пред некоја година има нови доминантни акционери кои го враќаат стариот сјај и имиџ на оваа позната скопска компанија. „Скопски пазар“ управува со 12 пазари на отворено во регионот на Скопје кои располагаат со 2.700 тезги. Воедно компанијата има и деловен простор од 54.000 квадратни метри кој го издава на свои деловни партнери.

Според официјалните јавно достапни податоци на Централниот депозитар на Македонија два најголеми акционери со „Скопски пазар“ се скопската градежна компанија ЗСФ – КОМ и „Современ дом“ од Прилеп. И двете поседуваат по 38,8 отсто од акциите. Во сопствен откуп „Скопски пазар“ чува 11,2 отсто од акциите со право на глас. Уште 79 домашни физички лица поседуваат 3,7 отсто од акциите во таа компанија.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба