17 Мај, 2024
0.0336

Нов пад на еврото

Објавено во: Свет, Финансии 15 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Падна вредноста на еврото поради обновените стравувања за еврозоната кои ги засенија можните очекувања за решение на должничката криза на самитот на европските лидери во текот на оваа недела. Австралискиот и новозеландскиот долар исто така бележиат пад. „Податоците од Европа се слаби и ќе продолжат да влијаат врз еврото. Постојат надежи дека Шпанија ќе побара помош, но тоа допрва треба да биде утврдено", вели Марито Уеда, од „FX Prime Corp.“ Како што пренесува Блумберг, еврото падна во однос на повеќето основни валути или за 0.3% во однос на доларот, со што стигна до 1.291. Во однос на јенот пак исто така загуби 0.3% од вредноста и стигна до 101.25. Со доларот се тргува без голема разлика спрема јапонскиот јен или долар чини 78.43 јени. Понатамошно влијание врз еврото, најверојатно ќе имаат податоците за инвестициите во Германија на институтот ZEW. Во меѓувреме беа изнесени податоците за намалување на извозот на Кина во ЕУ за 10.7% во септември, што значи дека четврти месец по ред извозот бечежи пад. Европските лидери треба да се состанат во Брисел на 18-19 октомври, кога ќе се дискутира за понатамошните мерки за борба против кризата. Шпанскиот министер за финансии, за време на посетата на Токио, истакна дека неговата земја би можела да се финансира без меѓународната помош, барем до крајот на годината. Само последнава година еврото загуби 5.6% од вредноста.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра